Единствениот бел орангутан на планетата снимен во прашума
Алба, единствениот познат албино орангутан на планетата, е снимена жива и здрава во прашума во Борнео, по повеќе од една година по нејзиното ослободување во дивина.
Таа беше спасена од Здружението за опстанок на орангутаните во Борнео, 2017 година, откако беше откриена како гладува во кафез во кој ја чувале селани од Тангиранг.
Синооката мајмунка со светло крзно била преслаба, дехидрирана и целата заболена од паразити. Не можела да биде вратена во дивината поради здравствени проблеми поврзани со албинизмот.
Албино мајмуните може да имаат лош вид и слаб слух, а се соочуваат и зголемен ризик од развој на рак на кожата подоцна во животот. Алба беше пуштена на слободна во 2018 година.