Софија Вергара ја игра главната улога во серијата Griselda за нарко-кралицата Гризелда Бланко, а експлицитните сцени со неа го привлекоа вниманието на гледачите.
Серијата ја режираше Андрес Баиз, а сценариото го напишаа Даг Миро и Ингрид Ескаједа. Објавена е на Netflix на 25 јануари и се состои од шест епизоди.
Голем број критичари го пофалија ова остварување, а посебни пофалби доби Вергара.
Griselda во првата недела го зазеде првото место на листата на најгледани серии во дури 89 земји.
Вергара сними експлицитни сцени со колегата Алберто Гуера, кој го игра третиот сопруг на Гризелда, Дарио Сепулведа.
„Оваа епизода ми го разубави денот“, „Софија ги заслужува сите можни награди“, „Според мене, таа е најатрактивната актерка на сите времиња“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Семејството на Гризелда неодамна ги тужеше Netflix и Вергара. Тие тврдат дека нивните ликови и интервјуа биле користени без дозвола. Тие исто така се обидоа да го спречат објавувањето на серијата.