Електрични возила во зима: Пушти го греењето и отиде батеријата

Електрично возило со автономија од 400 километри, во зимски услови ќе може да помине само 236 км - ако го вклучите греењето.

Производителите на електрични автомобили често се фалат со автономијата на своите возила, но сето тоа не значи многу кога ќе дојде зимата и ќе се стопи предноста.

Електричните возила сè уште немаат квалитетен одговор на температури под нулата, според студијата спроведена од Американскиот авто-клуб (ААА) за губење на автономијата на електричните автомобили при возење во различни временски услови на 1.600 километри.

Тестовите се одвиваа на три различни надворешни температури: -6, 23 и 35 степени Целзиусови.

Во случај на просечна амбиентална температура од -6 степени, утврдено е дека комбинираната автономија во возење е пониска за 12 проценти во споредба со декларираната, додека падот на автономијата на температура од 35 степени резултираше со намалување на радиусот на движење за 4 проценти.

Овие резултати се однесуваат на загубите на енергија предизвикани само од отстапување од референтната температура од 23 степени.

Меѓутоа, кога на тоа ќе се додаде потрошената струја за работење на системите како оној за греење, климатизација или вентилација, падот на автономијата е подрастичен.

Така, при возење на -6 степени, реалниот радиус на движење со вклучено греење и вентилација беше дури 41% помал од декларираниот. Ова значи дека во тешки зимски услови, електричен автомобил со автономија од 400 километри всушност ќе помине само 236 километри пред да му се истроши батеријата.

Падот на автономијата е значаен и во случај на возење на високи летни температури, па така на 35 степени Целзиусови изнесуваше 17%, покажува тестот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе