Елмас одигра одлични 57 минути во поразот од Барса

Ноќеска Елиф Елмас беше стартер за Наполи против силната Барселона која го совлада неговиот тим со 2:1 на неутрален терен во Мајами.

Македонскиот бисер ја доби довербата на Карло Анчелоти и го започна натпреварот од првата минута, а остана на теренот сѐ до 57-мата кога на негово место во игра влезе Џанлука Гаетано, 19-годишен играч од младинскиот погон на „партенопеите“.

Додека беше на теренот Елмас одигра одлично против силниот противник, беше доста активен и истрча многу. Позитивни критики доби од навивачите на Наполи на социјалните мрежи кои се оптимисти дека нивниот клуб направил одлична трансфер инвестиција.

Секунди пред да биде заменет Елмас беше остро фаулиран од Серхио Бускец, остана да лежи на тревникот по што по интервенција на медицинскиот тим кривејќи ја напушти играта.

Додека 19-годишниот Елмас беше во игра резултатот беше 1:1. Поведе Барса со голот на Бускец во 38-мата минута, а со автогол израмни Самуел Умтити три минути пред полувремето. Победничкиот гол падна во 79-минута благодарение на Иван Ракитиќ.

Во сабота двете екипи ќе одиграат реванш, но овој пат во Детроит.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе