Елон Маск пак ветува приватни летови во вселената

Компанијата SpaceX на Елон Маск потпиша договор со агенција за вселенски туризам за организирање на патување во орбитата околу Земјата за неколкумина авантуристички настроени патници.

Space Adventures, агенција што има организирано осум туристички тури до Меѓународната вселенска станица во периодот од 2001 до 2009 година, планира да организира лет за четворица патници со леталото Crew Dragon на SpaceX. Патувањето би било изведено кон крајот на 2021 година, стои во соопштението на Space Adventures објавено вчера.

Патниците ќе поминат најмногу пет дена орбитирајќи околу Земјата, настискани во вселенското летало што е долго само 3,96 метри.

Патеката на летање предвидува приватните вселенски туристи да заминат на височина два до три пати поголема од локацијата каде орбитира Меѓународната вселенска станица, вели Ерик Андерсон, претседател на Space Adventures.

Тоа ќе биде најголема оддалеченост од Земјата на која се нашол кој било човек во изминативе децении, што значи дека патниците на овој лет ќе имаат глетка слична на онаа што ја видоа астронаутите на мисијата Gemini 11 на НАСА во 1966 година, нагласи Андерсон на Twitter.

Следниот чекор е да се најдат психофизички здрави луѓе кои може да си го дозволат скапиот лет. Претставник за медиумите на Space Adventures изјави дека цената за патувањето ќе биде „во рамките на други прилики за лет во вселената“, што досега достигнале суми од десетици милиони долари.

НАСА исто така треба да му даде сертификат на Crew Dragon за пренос на луѓе, што се очекува да се случи во наредниве неколку недели. Леталото на SpaceX ги заврши главните тестирања во јануари.

Следниот чекор е да се најдат психофизички здрави луѓе кои може да си го дозволат скапиот лет. Претставник за медиумите на Space Adventures изјави дека цената за патувањето ќе биде „во рамките на други прилики за лет во вселената“, што досега достигнале суми од десетици милиони долари.

НАСА исто така треба да му даде сертификат на Crew Dragon за пренос на луѓе, што се очекува да се случи во наредниве неколку недели. Леталото на SpaceX ги заврши главните тестирања во јануари.

SpaceX доби 2,6 милијарди долари од НАСА во 2014 година за развој на леталото Crew Dragon. Boeing постигна сличен договор што се проценува на 4,2 милијарди долари за развој на леталото Starliner.

НАСА планира да ги користи и двете летала за да ја одржува Меѓународната вселенска станица постојано и целосно екипирана со професионално обучени астронаути. Меѓутоа, Boeing и SpaceX ќе можат да оперираат со своите летала и ќе смеат да ги користат за други видови на мисии, вклучувајќи и вселенски туризам.

И двете компании веќе ги користат овие можности. Boeing потпиша договор со Space Adventures во 2010 година за координирање летови за луѓе кои не се астронаути, со леталото Starliner.

Треба да се напомене дека плановите да се пратат авантуристички настроени богаташи во вселената најчесто биле одложувани или барем трпеле многу промени на распоредот.

Лани, на пример, компанијата Bigelow Aerospace вети дека ќе организира патувања до Меѓународната вселенска станица со Crew Dragon на SpaceX. Компанијата планираше да продава билети за околу 52 милиони долари по човек, но ваквите планови подоцна беа откажани.

Во 2017 година, SpaceX зборуваше за праќање туристи на лет околу Месечината со капсулата Crew Dragon capsule. Компанијата ги напушти ваквите планови за да се фокусира на дизајнирање и конструирање на џиновското вселенско летало и ракетен систем наречено Starship, што во моментов е во рана фаза на развој.

Space Adventures засега е единствената компанија која координирала приватни туристички летови околу Земјата. Компанијата со седиште во Вирџинија соработуваше со Русија за да го користи нејзиното летало Soyuz за да однесе ултрабогати клиенти до МВС. Овие мисии чинеа околу 20 милиони долари по човек.

SpaceX соопшти дека се задоволни од работата со тимот на Space Adventures и дека „историската мисија ќе го поплочи патот кон овозможување на летови во вселената за сите луѓе кои го сонуваат тоа“.

Други две американски компании, Virgin Galacticна Ричард Брансон и Blue Origin на Џеф Безос, поединечно развиваат летала за вселенски туризам. Тие ќе понудат кратки летови на околу 97 километри над површината на Земјата од каде патниците ќе имаат убав поглед и ќе искусат бестежинска состојба на неколку минути.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Пост на вода - рецепт за вкусни посни плескавици

Read more

Изгледот на стапалата на Роналдо загрижува, 22 години кариера си го направи своето

Read more

Вести

Откриена непозната планета со океани што вријат, вода врела како за готвење

Read more

SpaceX произведува стотици шпионски сателити за американската влада

Read more

Поголем е од Boeing 747-8: WindRunner станува најголемиот авион во светот

Read more

Легендарниот Concorde по реставрацијата пренесен во музеј по реката Хадсон

Read more
 

Гик

Никој не ги побара, ама игри ќе има и на LinkedIn

Читај повеќе

Откриена непозната планета со океани што вријат, вода врела како за готвење

Читај повеќе

SpaceX произведува стотици шпионски сателити за американската влада

Читај повеќе

Откриен џиновски вулкан на Марс - како не сме го виделе досега?

Читај повеќе
  • filter

Поголем е од Boeing 747-8: WindRunner станува најголемиот авион во светот

Читај повеќе

PlayStation 5 Pro е до трипати побрз, се очекува на крајот на годината

Читај повеќе

Треба да јадеме питони, велат научниците

Читај повеќе

Што се случува кога ќе кликнете „Не сум робот“?

Читај повеќе
  • play_arrow

Научници во Јужна Кореја измислија „говедски ориз“: Би можело да го замени месото

Читај повеќе