Славниот пејач Елтон Џон мораше да откаже два концерти во Далас поради позитивен ковид тест.
74-годишниот пејач е позитивен на коронавирусот SARS-CoV-2. Со оглед на тоа што има примено три дози вакцина, пејачот има само благи симптоми и се надева дека брзо ќе се врати на сцената за да ја продолжи почнатата турнеја, пренесе AP.
Планирано беше на 25 и на 26 јануари да настапи во Далас, а сите кои купија билети истите ќе им важат за новите термини кои наскоро ќе бидат познати. Музичарот ја започна турнејата „Farewell Yellow Brick Road“ уште во септември, 2018 година, а во план беа повеќе од 300 концерти за три години.
Но, поради пандемијата со коронавирусот неговите планови се одложија, па концертите планирани за 2020 година во САД успеа да ги продолжи на 19 јануари годинава.
Европските концерти на оваа светска турнеја ги откажа за 2023 година, пренесе AP.