Емери: Да имаше ВАР, ПСЖ немаше да испадне од Барса во 2017

Баскискиот тренер се наврати на скандалозниот епилог од осминафиналето во Лигата на шампионите пред три години.

Од сезоната 2016/17 Унаи Емери седеше на клупата на богатиот француски клуб каде остана и наредната сезона пред да замине во Арсенал. Ќе остане запаметен по историската елиминација со „Светците“ од Лигата на шампиони иако имаше водство од 4:0 над Барса по првиот натпревар во осминафиналето од ЛШ таа сезона. На реваншот загуби со 6:1 со два пенала и два гола примени во судиското надополнување.

Во интервју за France Football стратегот обвини дека тогаш неговиот клуб испаднал поради судиски грешки и дека доколку тогаш имало ВАР епилогот ќе бил сосема поинаков.

„Со ПСЖ ја освоив Лиг 1, четири купа и два суперкупа. Сепак, целта беше да се освои Лигата на шампиони. Во мојата прва сезона во клубот одигравме маестрален прв натпревар против Барселона, но на реваншот бевме елиминирани бидејќи во тоа време ВАР не постоеше. Кристално јасно е дека испаднавме поради судиски одлуки“, смета Унаи.

Наредната сезона авантурата на ПСЖ исто така заврши во осминафиналето, овој пат од Реал Мадрид откако загуби на двапати, 1:2 и 1:3. Сепак, Емери и за овие натпревари има замерки.

„Наредната сезона, против Реал Мадрид, изгубивме од тимот кој потоа испиша историја освојувајќи ја третата титула по ред. Но, тогаш исто така имаше судиски грешки“, заврши Емери кој моментално е без ангажман откако на крајот од ноември доби отказ од Арсенал.

реклама

Фудбал

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more
 

Спорт

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе