Ердоган го суспендираше фудбалот во Турција

Макфакс/Кајгана
/ 12.12.2023 / 09:58

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го суспендираше фудбалското првенство по насилството на натпреварот меѓу Анкарагуџу и Ризе.

Претседателот на Анкарагуџу, Фарук Коџа, го нокаутираше главниот судија Халил Умут Мелер, откако тој означи крај на натпреварот. Ризе успеа да освои бод со голот постигнат во 7. минута од натпреварот.

Додека Мелер лежеше на земја, неколку навивачи кои влегоа на теренот исто така му зададоа удари.

URL

Како што пренесуваат тамошните медиуми, Мелер и Коџа по инцидентот биле пренесени во болница, претседателот на клубот под полициска придружба со најава дека ќе биде приведен откако ќе добие лекарска помош.

„Инцидентот се случи поради погрешните одлуки на судијата и неговото провокативно однесување. Мојата цел беше да реагирам вербално, да го плукнам в лице, но ги загубив нервите и го удрив. Сепак, мојот удар не беше толку силен за да му нанесам фрактура“, е дел од објаснувањето на Коџа.

По инцидентот кој стана главна спортска вест ширум светот, претседателот на Турција го прекина првенството.

URL

„Го осудувам нападот на судијата, му посакувам брзо закрепнување“, рече Ердоган,

„Спортот значи мир и братство. Спортот е неспоив со насилство. Никогаш нема да дозволиме насилството да го зафати турскиот спорт“.

Потоа, претседателот на Турската фудбалска федерација (ТФФ), Мехмед Бујукекси, потврди дека турската Суперлиг е „одложена на неодредено време“.

Мелер има 37 години и се наоѓа на елитната судиска листа на УЕФА.

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе