ТУРЦИТЕ НА ГОЛЕМА ВРАТА ВЛЕГУВААТ ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА

Ердоган горд на првиот турски автомобил: Сонот конечно е остварен

На гламурозна промоција во Долината на технологијата во Гебзе, пред повеќе од 3.000 гости, меѓу кои и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, беше претставен долго очекуваниот прв прототип на автомобил од домашно производство во Турција.

„Денеска е историски ден, исполнување на сонот кој го чекавме повеќе од 60 години. Нашиот сон да имаме автомобил што користи домашна технологија, го направиле наши инженери и дизајнери, конечно е остварен“, рече Ердоган и вети дека ќе биде првиот купец на новиот автомобил.

Се очекува првите возила да излезат од производна лента во 2022 година, јави новинската агенција Анадолија.

Турската автомобилска групација TOGG се состои од пет компании и планира да основа фабрика во производниот центар Бурса.

Инвестицијата од 22 милијарди лири (3,7 милијарди американски долари) ќе овозможи производство на пет модели и вкупно производство на 175.000 возила годишно.

– Проектот се очекува да придонесе 50 милијарди американски долари во турската економија за 15 години по воведувањето на возилото во 2022 година, рече Мехмет Гурчан Каракас, главен извршен директор на конзорциумот.

Инвеститорите треба да обезбедат најмалку 3,5 милијарди лири во готовина како капитал до крајот на 2023 година, објави Bloomberg.

На промоцијата беа претставени два модела на турскиот автомобил TOGG – лимузина и електричен SUV.

Се очекува на пазарот прво да стигне електричниот SUV TOGG кој ќе биде достапен во две изведби. Верзијата со погон на задните тркала развива 200 коњски сили, а помоќната 4x4 верзија располага со 400 коњски сили.

Литиум-јонската батерија овозможува автономија од 300, односно 500 километри, а за 30 минути брзо полнење батеријата достигнува 80% од капацитетот.

Послабата верзија забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,6 секунди, а на помоќната се очекува дека ќе ѝ требаат 4,8 секунди да стигне од нула до стотка.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе