ЕУ пресече - наместо вињета, плаќање по километража

Минатата недела, Европскиот парламент даде конечно одобрение за промена на правилата за наплата на патарина на патиштата во мрежата TEN-T, кои земјите-членки можат да ги воведат за камиони, автобуси, комбиња и автомобили.

Новите правила, усвоени во четвртокот, не ги обврзуваат земјите-членки да воведат патарини, но доколку одлучат да ги воведат, ќе мора да ги почитуваат правилата на ЕУ, пишува plutonlogistics.com

Промената, која важи и за камионите, налага патарините веќе да не функционираат според системот за наплата одреден временски период (како вињета), туку како компензација за поминатото растојание (за поминати километри). Целта на оваа промена е да се подобри функционалноста на принципите „загадувачот плаќа“ и „корисникот плаќа“.

Во случај новите давачки да бидат непропорционални со очекуваните приходи, државите ќе имаат можност да чуваат вињети на одредени делови од мрежата TEN-T.

Новите правила предвидуваат и определување на различни давачки за камиони и автобуси, врз основа на емисиите на CO2, како и за комбиња и минибуси, врз основа на нивните „еколошки перформанси“.

Најавено е и значително намалување на патарините за возилата со нула или ниска емисија.

Правилата влегуваат во сила 20 дена по нивното објавување во Службениот весник на ЕУ. Земјите-членки ќе имаат две години да се подготват за нивно спроведување.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе