ЕУ, САД и ОН го осудија убиството на рускиот амбасадор во Турција

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за безбедност и надворешна политика, Федерика Могерини изрази сочувство до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, за убиството на рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов.

„ЕУ најстрого го осудува нападот против претставникот на вашата земја во Турција. Сакаме да ја изразиме нашата солидарност со Русија во соочувањето со овој криминален насилен чин“, се вели во пораката на Могерини, која упати сочувство и до семејството на убиениот амбасадор.

Рускиот амбасадор беше убиен за време на говор во уметничка галерија од страна на полицаец, кој викаше „не го заборавајте Алепо“.

Нападот го осудија повеќе земји.

„Го осудуваме овој чин на насилство, кој и да го извршил. Нашите мисли и молитви се со него и неговото семејство“, рече Џон Кирби, портпарол на Стејт департментот.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон вели дека е шокиран од веста за убиството на рускиот амбасадор во Турција.

„Го осудувам овој кукавички напад“, изјави тој.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Маизер истакна дека неговата земја останува во борбата против тероризмот.

Силна осуда на убиството на Карлов стигна и од францускиот претседател Франсоа Оланд.

Убиството на рускиот амбасадор го осудија и Обединетите нации (ОН). 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе