Евгениј Поп Ацев спортист на годината на Град Скопје

Скопје, 25 декември 2018 (МИА) – Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска му го додели признанието на најуспешниот спортист за 2018 година – пливачот Евгениј Поп Ацев.

На свеченоста што се одржа во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните, избрани во следниве категории: најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

Градот Скопје традиционално се грижи за своите спортисти, Градот внесува новини особено кога е спортот и младите во прашање, а оваа година за првпат за 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици, обезбедивме стипендии за осум месеци во текот на учебната година. Сакаме колку што можеме скромно да го помогнеме развојот на спортот и кај младите генерации да направиме едни навики на поздрав живот и спортска култура. Се надевам дека тие млади луѓе во кои вложуваме во следните години ќе постигнат значајни спортски успеси и на домашни и на странски натпревари, особено како што тоа знаат да го направат скопските екипи. Ви честитам на годинешниве успеси, особено на спортистите, а на сите тренери и спортски работници сакам да Ви се заблагодарам за ангажманот за тие да постигнат извонредни резултати на европски и на светски натпревари, рече градоначалникот Шилегов.

Наградени по категории:

Десет најуспешни спортисти во сениорска категорија (мажи и жени):

1. Евгениј Поп Ацев – Академски Пливачки клуб Студент

2. Бобан Илиоски – Кикбокс клуб Шампион

3. Дејан Недев – Карате клуб Работнички

4. Стојанче Стоилов – АД Ракометен клуб Вардар

5. Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел

6. Ненад Келебиќ – Карате клуб Цветан Димов

7. Дарио Ивановски – Здружение Атлетски клуб Работнички

8. Фати Вејсели – Здружение Боречки клуб Лирија 2010

9. Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта

10. Дрита Ислами – Атлетски клуб Работнички

Најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени):

1. Фахик Весели – Шотокан Карате клуб Олимпик

2. Анамарија Георгиевска – Таеквондо клуб Бутел

3. Хамза Јашари – Здружение на граѓани Џудо клуб Миоки

4. Викторија Варадинова – Кикбокс клуб Шампион

5. Абдурахим Идризи – Карате клуб Макпетрол

 

Категорија најталентиран млад спортист – кадет:

1. Бесир Алили – Здружение Боречки Клуб ЛИРИЈА 2010

Најуспешен тренер:

1. Бошко Заборски – Карате клуб Макпетрол

Најуспешна спортска екипа од Скопје:

1. АД Женски Ракометен клуб Вардар

Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје:

1. Иван Чупиќ – АД Ракометен клуб Вардар

Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби:

1. Стоилко Стоицев – Здружение Планинарски клуб Македон.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе