Европејците сѐ помалку сакаат да работат, државите се обидуваат да ги мотивираат

Макфакс
/ 26.02.2024 / 20:49

Европејците сѐ помалку сакаат да работат, а некои од најбогатите земји во Европската Унија, како Германија, Холандија или Австрија, се обидуваат да ги мотивираат со даночни олеснувања, подобра грижа за децата или пофлексибилно работно време, пренесува Deutsche Welle.

Просечниот број на работни часови во Европа се намалува, бројот на работници со скратено работно време се зголемува, а синдикатите во многу земји бараат укинување на 38 часовната работна недела. Вработените во Европа сакаат да работат само за да заработат за живот и да го посветат остатокот од своето време на работи што им се навистина важни.

Во Европа моментално работат рекорден број луѓе, вработеноста е речиси 75%, но бројот на работни часови не е значително зголемен, бидејќи е зголемен бројот на работници кои не работат со полно работно време. Во Германија, Холандија и Австрија околу една третина од вработените не работат со полно работно време, а конкретно во Холандија речиси 50% од вработените работат 35 часа неделно или помалку.

Работата со скратено работно време може да предизвика проблеми во областите каде што веќе нема доволен број луѓе кои работат, а недостигот на персонал ќе биде уште поголем кога генерацијата на родени меѓу 1946 и 1964 година ќе се пензионира, наведува Deutsche Welle.

Тагови
реклама

Свет

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Read more

Планот на Трамп да стави крај на војната во Украина наскоро ќе биде откриен, познати се првите детали

Read more

Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе