Европска пролет за 4 наши фудбалери - сите по пехарот од Лига Европа

Македонскиот фудбал нема свој клуб сезонава во ниту една од трите лиги на УЕФА, но има играчи и тоа сите репрезентативци. И сите продолжуваат и напролет и тоа во второто по ранг натпреварување каде може уште веднаш да видиме македонска пресметка.

Лига на шампиони

Македонија имаше само еден претставник во Лигата на шампионите сезонава и тоа Бобан Николов кој настапува за молдавски Шериф. Дебитантот очекувано не успеа да обезбеди пласман во осминафиналето, но пружи добра борба и направи изненадувања, вклучувајќи и триумф среде Мадрид против големиот Реал. Бобан најчесто беше резервист и влегуваше од клупата, а со голот во судиско надополнување во вторникот против Шахтар успеа да се запише и во листата на стрелци. Шериф и Николов на крајот завршија на 3. место и со тоа си обезбедија продолжување во Лига Европа.

Статистика на Николов во ЛШ:
- натпревари/минути: 5/94
- голови/асистенции: 1/0
- жолти/црвени картони: 0/0

Лига Европа

Бобан Николов - Како третопласиран во ЛШ Николов со својот Шериф ќе има европска пролет. Неговиот тим ќе биде во вториот барабан и за противник ќе добие некој од тимовите кои групната фаза од Лига Европа ја завршија на 2. место, меѓу кои се и Наполи и Динамо, што значи дека може да видиме и македонски дуел.

Елиф Елмас - Популарниот Дијамант имаше ефективен настап за својот Наполи кому токму во последното коло со два гола во мрежата на Лестер му подари опстанот во Лига Европа. Наполи ќе биде во првиот барабан во понеделничката жрепка и за противник ќе добие некој од испаднатите тимови од Лигата на шампионите, а таму се наоѓаат и „мини“ како Порто, Борусија, Барселона, а може да игра и против Шериф на Николов.

Статистика на Елмас во ЛЕ:
- натпревари/минути: 6/443
- голови/асистенции: 4/1
- жолти/црвени картони: 1/0

Аријан Адеми и Стефан Ристовски - Загрепски Динамо успеа да го направи невозможното во последното коло - да слави на гости кај премиерлигашот Вест Хем и на тој начин да го освои 2. место во групата и да обезбеди европска пролет оставајќи ги зад себе виенски Рапид и Генк. Иако хрватскиот шампион ќе биде носител во жрепката заедно со Наполи, ја дели истата судбина бидејќи може да налета на некоја „мина“ како Барселона, Севиља, Аталанта итн, а може и да добие шанса за реванш и одмазда против Шериф на Николов бидејќи токму Молдавците ги елиминираа во последното коло од квалификациите за Лигата на шампиони.

Статистика на Адеми во ЛЕ:
- натпревари/минути: 4/301
- голови/асистенции: 0/0
- жолти/црвени картони: 0/0

Статистика на Ристовски во ЛЕ:
- натпревари/минути: 5/322
- голови/асистенции: 0/0
- жолти/црвени картони: 1/0

Конференциска лига

Во првата сезона од новоформената лига на УЕФА македонскиот фудбал немаше ниту еден претставник, а бидејќи и од оние кои играа во Лига Европа никој според пласманот не се префрли во ова натпреварување, и на пролет ќе продолжи без наш претставник.

реклама

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе