Европскиот парламент се врати во Стразбур по 15 месеци

МИА
/ 07.06.2021 / 21:06

Стразбур, 7 јуни 2021 (МИА) – Европскиот парламент ја отвори својата прва пленарна седница во Стразбур од почетокот на пандемијата на COVID-19, по повеќе од 15 месеци, иако со помалку европарламентарци, но овој потег се смета успех за Франција, која се бори да го задржи градот како место за заседавање на ЕП, заедно со Брисел.

– Ова е многу важен ден за Европскиот парламент. По повеќе од 15 месеци се вративме во седиштето во Стразбур. Ова враќање е знак на доверба и надеж за сите, изјави на француски јазик претседателот на ЕП, Италијанецот Давид Сасоли, добивајќи аплауз од десетици европратеници, главно Французи.

Ниту една седница на Европскиот парламент не се одржа во Стразбур од февруари 2020 година, кога Алзас беше на првиот удар на пандемијата.

Враќањето е во форма на хибридна сесија, бидејќи 705 европарламентарци можеле да изберат да дојдат во Стразбур или да гласаат онлајн од нивната земја, за што се определиле голем дел од нив.

Иако хибридните седници се одржуваат повеќе месеци од Брисел, француските власти силно инсистираа тие да бидат вратени во Стразбур.

Како симбол на француско-германското помирување, главниот град на Алзас е официјално седиште на Европскиот парламент, што е запишано во европските договори.

Меѓутоа, во пракса, европратениците, дури и пред COVID-19, доаѓале во Стразбур три и пол дена месечно за пленарни седници. Остатокот од времето, парламентарците работеле во Брисел, каде се наоѓаат другите европски институции. Околу овие месечни преместувања меѓу Брисел и Стразбур се дискутира со години.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Ново

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе
  • filter

17 мај 1395, загинал Крале Марко

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе