Facebook Messenger конечно доби 4 нови функции кои долго ги чекавме

Испраќајте HD слики и датотеки до 100 MB, креирајте споделени албуми и споделувајте QR кодови со нови пријатели.

Facebook Messenger штотуку доби голема надградба. Една од најпопуларните апликации за пораки во светот е надградена со четири целосно нови и многу корисни функции, кои се веднаш достапни за сите корисници.

Ајде да видиме што претстави компанијата Meta и како можете да ги искористите во секојдневната комуникација со пријателите и семејството.

HD слики

Првата нова функција е HD слики. Сè што треба да направите е да ја означите опцијата „HD“ над понудените слики при испраќање - и тоа е сè. Доколку сакате да испраќате подетални фотографии со поголема резолуција, ова е вистинската функција за вас.

Ако не сте сигурни дали сте ја „штиклирале“ опцијата HD, секоја испратена HD слика ќе ја има таа кратенка во горниот десен агол.

Компанијата Meta ја направи оваа опција достапна во апликацијата WhatsApp уште во август минатата година, па иако чекавме, одлично е што конечно можеме да ја видиме во Messenger.

Заеднички албуми

Ако имате групен разговор со пријателите и семејството, ќе ви биде многу корисна функцијата „заеднички албуми“. Едноставно изберете повеќе слики при прикачување, а потоа допрете ја опцијата за создавање нов албум. Сите членови на групата потоа ќе можат да гледаат, додаваат, бришат или отстрануваат слики и видеа од споделениот албум.

Многу корисно ако неколку луѓе фотографирале прослава, настан или заедничко патување.

Поврзете се користејќи QR-код

Ако сте направиле ново познанство и сакате да продолжите со комуникацијата на Facebook Messenger, сега можете да се поврзете со скенирање на уникатниот QR код достапен во менито за поставки.

Овој додаток ќе ви биде од голема корист доколку вашиот нов познаник е странец или ако вашето име е многу често и тешко е да ве пронајдат со едноставно пребарување.

Испраќање фајлови до 100 MB

Последна, но не помалку корисна функција е испраќање фајлови со големина до 100 MB. Поддржани се сите големи формати, така што повеќе не треба да се потпирате на различни сајтови или клиенти за е-пошта за да испраќате големи фајлови - направете го тоа директно во Facebook Messenger.

Тагови
реклама

Вести

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Read more

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Read more

Неочекуван проблем: Ветроелектраните си крадат ветер една на друга

Read more

Вселенскиот телескоп Webb сними аурори на Јупитер

Read more
 

Гик

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Читај повеќе

Првиот OLED гејминг монитор со 500 Hz во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот Samsung Galaxy S25 Edge е тенок само 5,8 мм

Читај повеќе

Универзумот ќе исчезне порано отколку што се мислеше

Читај повеќе

Неочекуван проблем: Ветроелектраните си крадат ветер една на друга

Читај повеќе