Facebook нуди заштита на вашата профилна фотографија

Компанијата Facebook почна да ја тестира новата опција за заштита на профилните фотографии за да ја спречи злоупотребата на лични информации на корисниците.

Зачленувањето на социјалните мрежи не мора да значи откажување од вашата приватност. Покрај многуте опции со кои може да изберете кои ви се пријатели и кој сѐ може да ги гледа вашите објави и фотографии, Facebook сега работи и на уште еден сегмент на безбедноста.

Профилната фотографија е јавна, што значи дека преку пребарување, другите корисници на Facebook може да ја видат. Компанијата сега ја тестира опцијата да се заштити оваа фотографија од злоупотреба, односно да не може секој да ја земе и да ја користи за други цели.

Facebook моментално ја тестира новта опција во Индија. Таа ќе овозможи да ставите дополнителен слој заштита на вашата профилна фотка така што ќе кликнете и ќе одберете „turn on profile picture guard“.

Со активирање на оваа опција другите луѓе нема да можат да ја имнат, споделат или испратат вашата профилна фотка во порака на Facebook.

Луѓето со кои не сте пријатели на социјалната мрежа нема да можат да тагнат некого, вклучувајќи се себе, на вашата профилна фотографија.

На платформата Android може да се спречи некој да направи скриншот на вашата фотографија, а Facebook ќе стави сина рамка околу вашата профилна фотографија како визуелен приказ на оваа заштита.

Опцијата засега е ограничена на Индија, но од компанијата велат дека наскоро ќе ја понудат и во други земји.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе