Фантомски дефекти на автомобилот кои не треба да се игнорираат

Фантомските дефекти во модерните автомобили не се ретки, и иако честопати тежнееме да ги поврзуваме само со „зезната“ електроника, на секој сигнал од контролната табла, исто како и секој необичен звук или однесување на автомобилот, треба веднаш да се реагира и на возилото треба да се однесе во сервисен центар за преглед што е можно поскоро.

Секој возач кој некогаш имал можност да искуси дефект, веројатно ќе каже дека од сите можни проблеми со автомобил, најлош е фантомскиот. Со други зборови, оној дефект што се случува повремено или често, со помали или поголеми последици, и кој ниту еден механичар на кој ќе му го доверите вашиот автомобил не може точно да го дијагностицира, а уште помалку да го поправи. Има мал милион вакви дефекти, што навистина не треба да нè чуди, бидејќи современиот патнички автомобил е сложена машина која со текот на времето станува сè посложена.

Кога на тоа ќе се додаде фактот дека барањата на современиот автомобилски пазар вклучуваат сè повеќе опции кои најмногу се засноваат на електроника или софтвер, но и сè помалку време за развој и тестирање пред производството, се чини дека нема да се ослободиме од споменатите проблеми во скоро време.

За сите оние среќници кои сè уште не ги доживеале, односно не се сигурни како изгледаат ваквите проблеми во пракса, класичен и не премногу редок пример се манифестира во активирањето на едно од сигналните светла на таблата со инструменти. Пред сè, кога ќе се запали озлогласената сијаличка „check engine“. И треба веднаш да се каже: дури и во случај кога се чини дека сè работи нормално, а ова светло не трепка и не е црвено - што е знак за аларм и во тој случај не смеете да продолжите со возењето - по правило, ова е знак за целосно внимание и сериозност и никогаш не смее да се занемари.

Може да има многу причини за неговото активирање, а меѓу нив може да има и проблеми со самиот погон, вклучувајќи низок притисок на маслото во моторот и неправилно согорување на смесата. Исто така, постојат ситуации кога автомобилот се вози предолго со многу големи брзини или влече приколка со многу тежок товар. Не помалку важно, светлото што е вклучено може да укаже и на проблеми со менувачот, но и со издувниот систем, на пример катализаторот, како и проблеми со палењето или свеќичките и проблеми со прегревање.

Покрај тоа, причината за палењето на сијаличката може да се крие во оштетен сензор за кислород или лабаво капаче на резервоарот за гориво, но од друга страна, тоа може да биде дури и едноставно - лажна тревога. А понекогаш може да донесе и поголема главоболка од конкретниот проблем, бидејќи таков проблем бара конкретно решеие. Од друга страна, неможноста за откривање на вистинскиот проблем и негово санирање понекогаш повлекува дополнителни фрустрации и нервоза, но и финансиски трошоци. Исто така, може да се случи причината за проблемот никогаш да не се најде, па некои сопственици на автомобили да отидат дотаму да кренат раце и да се ослободат од возилото.

А како доаѓа до лажна тревога? Понекогаш таквите ситуации може да се поврзат со стари или евтини заменскиaftermarkeet сензори, понекогаш со несоодветни сензори кои можат да се инсталираат во автомобилот за време на поправките од неовластени сервисери, а понекогаш е можно дури и за време на оригиналната инсталација во автомобилот може да се провлече неквалитетен сензор.

Во секој од горенаведените случаи, можно е системот да открие непостоечка грешка и да го извести возачот, што потоа ја повлекува целата процедура за одење до сервисен центар и барање вистинска причина за проблемот... Ваков магепсан круг, за жал, доживеале многу возачи на патнички автомобили.

Што и да е, затоа, причината за проблемот треба да се најде и отстрани што е можно поскоро. Колку и да е сложено и скапо, возачот на тој начин ќе си овозможи безбедно возење и мирен сон, и тоа во својот кревет, а не некаде покрај автопат чекајќи влечна служба. Така барем вели теоријата, но во пракса не е толку ретко што дури и по поправка или отстранување на пронајдената причина, предупредувањето за дефект повторно да почне да се појавува. И тоа може да значи две работи: или е направена погрешна поправка на автомобилот, или имало повеќе причини за активирање на светлото, а поправката отстранила само една од нив.

Во тој случај потребно е да се вратите назад и темелно да се истражат причините за неуспехот. Тоа може да биде доста тешка работа, бидејќи некои од проблемите или индикаторите се појавуваат само во одредени околности, односно нивното покажување е условено од некои други настани или услови. Непотребно е да се каже дека ваквите ситуации се исклучително тешки за решавање.

Се разбира, има повеќе фантомски грешки и не мора сите да се манифестираат во форма на сигнално светло на таблата со инструменти. Повеќето од нив, сепак, се чини дека се поврзани со дефектна електроника, каде виновникот не треба да се бара исклучиво во самата централна единица, туку често е доволно проблемот да се појави во акумулаторот кој можеби е со ослабен каацитет или испразнет. Дури и тоа е доволно за во некои случаи во автомобилот да се појават „гремлини“ или знаци на лудило, како непотребно вклучување на алармот, ненадејно отклучување или заклучување, отворање или затворање на прозорецот кога возачот не го побарал тоа...

Што да правите во случаи кога мислите дека слушате некој необичен звук или забележувате некое необично однесување на возилото, кое можеби не се случува постојано, туку само повремено? Или кога повторно ќе се запали тоа жолто светло на контролната табла, а колата вози сосема нормално како и секој втор ден дотогаш? Веројатно тогаш не е ништо сериозно, ќе помислите, бидејќи веќе сте доживеале такви ситуации. И сосема е можно да е несериозно, но за навистина да имате спокој, треба што поскоро да го однесете автомобилот до сервис. Затоа што, како и да е, таму знаат повеќе од просечниот возач таму и се соодветно опремени, па и да не најдат никаква маана, барем ќе добиете потврда за вашата „дијагноза“.

Игнорирањето на предупредувањето, дури и кога е лажно, е сигурно најлошиот избор.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Авто новости

Audi Q5 – Најпосакуван автомобил во Македонија

Read more

Volkswagen го врати вистинскиот дух на брендот со новиот ID.3 Neo

Read more

Емотивно привлечен звучен пејзаж кој значително се засилува кога покривот е спуштен: Премиера на новиот 911 GT3 S/C 

Read more

Пожар во гаража на BYD, паднаа акциите на кинескиот гигант

Read more
 

Автомобили

  • filter

Audi Q5 – Најпосакуван автомобил во Македонија

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen го врати вистинскиот дух на брендот со новиот ID.3 Neo

Читај повеќе
  • filter

Емотивно привлечен звучен пејзаж кој значително се засилува кога покривот е спуштен: Премиера на новиот 911 GT3 S/C 

Читај повеќе
  • play_arrow

Пожар во гаража на BYD, паднаа акциите на кинескиот гигант

Читај повеќе
  • filter

Rolls-Royce го претстави најлуксузниот кабриолет на годината

Читај повеќе
  • filter

Топ 5 половни автомобили до 3.000 евра: Деловите лесно се наоѓаат, експертите и таксистите ги препорачуваат

Читај повеќе

Која земја е апсолутно најголемиот пазар на автомобили во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Читај повеќе

Tesla доби дозвола за целосно автономно возење во Европа

Читај повеќе