НБА 2022/2023

Феноменалната игра во првото полувреме му донесе НБА историја на Томпсон

Голден Стејт Вориорс на домашен паркет го победи Феникс Санс со 123:112, а натпреварот го одбележа фантастичното прво полувреме на Клеј Томпсон, кој влезе во историјата на НБА.

Имено, Томпсон во првото полувреме постигна 33 поени за само 18 одиграни минути, шутирајќи 12/18 од поле, од кои 8/12 беа тројки.

Тоа беше петти натпревар во неговата кариера на кој стигна до 30 поени до полувремето и 10-ти сезонава во кој постигна 30 или повеќе поени.

URL

Инаку, Томпсон по трет пат во кариерата низ првите две четвртини успеа да постигне 30 поени и 8 тројки, израмнувајќи го со Демиен Лилард.

Натпреварот го заврши со вкупно 38 поени и 5 скока, додека неговиот соиграч Стеф Кари додаде 23 поени со 7 скока и 5 асистенции.

Најдобри во редовите на Санс беа Деандре Ајтон со 27 поени и 12 скока и Девин Букер со 32 поена.

Remote video URL

Голден Стејт со синоќешната победа се доближи до Феникс кој е на 4. место во Западната конференција со 37 победи и 31 пораз. Вориорс се петти со 36-33.

Резултати:

Детроит Пистонс - Индијана Пејсерс 117:97
Атланта Хокс - Минесота Тимбервулвс 115:136
Мајами Хит - Јута Џез 119:115
Далас Маверикс - Мемфис Гризлис 88:104
Хјустон Рокитс - Бостон Селтикс 111:109
Голден Стејт Вориорс - Феникс Санс 123:112
Сакраменто Кингс - Милвоки Бакс 124:133

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Кошарка

Преродените Лејкерс на праг на директен влез во плеј-оф

Read more

Леброн, носиш пасош?

Read more

Сакраменто по 17 години избори плеј-оф, критично за Далас

Read more

Перо Антиќ реизбран за претседалел на Македонската кошаркарска федерација

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Верстапен славеше во тотално лудило во Австралија, трката беше прекинувана три пати

Читај повеќе

Ракометната ЛШ ќе се игра и за викенд, тренерите добија право на челенџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Крафт најдолго леташе на Планица

Читај повеќе

Украина донесе одлука која ќе предизвика хаос во светот на спортот

Читај повеќе

Меси има 5 добри причини да се врати во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Преродените Лејкерс на праг на директен влез во плеј-оф

Читај повеќе
  • play_arrow

Супержена: Го победи ракот и го донесе Челси до полуфинале на ЛШ

Читај повеќе

Куман: Претседателот на Барселона ме излажа за Меси

Читај повеќе

Де Хеа одби да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Читај повеќе