Ferrari го покажа својот SUV адут: Пристигна Purosangue

Lamborghini Urus доби достоен ривал.

По долгогодишно исчекување, конечно ја видовме премиерата на Ferrari Purosanguе, модел со два реда седишта, два пара врати и зголемено растојание од подлогата. Откако речиси сите конкуренти се потрудија да понудат суперпрестижни SUV модели, адекватен одговор дојде и од Маранело.

Очекувано, Ferrari не загриза премногу во SUV-манијата, туку својот подигнат модел повеќе го замислил како тркачки GT кој прво се „растегнал“ за дополнителен пар врати, а потоа го подигна.

Некои ќе речат дека ова е еволуција на дизајнот замислен со моделот Roma.

Remote video URL

За разлика од Lamborghini Urus, овде задните врати се отвораат во спротивна насока, под агол од 79 степени, што го прави Purosangue попривлечен, но и попрактичен бидејќи патниците кои седат назад ќе можат полесно да седнат на своите седишта.

Она што радува е бескомпромисното возење. Некои најавуваа шест цилиндри, но на крајот беше избран атмосферски V12 за погон.

Тој произведува 725 КС и 716 Nm максимален вртежен момент, па благодарение на погонот на четири тркала автомобилот до 100 км/час стигнува за 3,3 секунди, 200 км/час достигнува за 10,6 секунди и не запира до максималните 312 км/час, што е најдобар резултат во овој сегмент.

Да напоменеме и дека моторот врти до 8.250 вртежи во минута, а одличните возни карактеристики се обезбедени со речиси идеална распределба на масата (49:51).

Remote video URL

Purosangue не е првото Ferrari со погон на сите тркала, но е прво со контрола на возење по нагорнина (hill-descent control) и прво со активен систем против превртување.

Производителот истакнува дека автомобилот може да се подигне до максимум 183 mm од подлогата, а суспензијата го користи системот FAST (Ferrari Active Suspension Technology).

Како што веќе беше истакнато, ова Ferrari има втор ред седишта, односно во задниот дел можат да се сместат уште двајца патници. Што се однесува до функционалноста, тој исто така има багажник до 473 литри, што го прави најпрактичното Ferrari во 75-годишната историја на марката.

И уште нешто - за разлика од конкуренцијата, Ferrari не ја ископира внатрешноста од другите модели во гамата, туку дизајнираше сосема нов стил.

Во кабината нема централен екран, но затоа и возачот и совозачот имаат по еден пред себе.

Во внатрешноста не недостасува простор, бидејќи овој автомобил е во должина нешто помалку од пет метри, додека ширината е над два метри (4.973/2.028/1.589 mm).

Цената се уште не е официјално објавена, но некои италијански медиуми споменуваат почетна цена од 400.000 евра. Во Ferrari, на прашањето за цената, само велат „тоа е сепак V12 Ferrari“.

Сметаат дека цената не е важна, а уште помалку одлучувачка информација за потенцијалните купувачи.

МЕГА галерија: Погледнете го Ferrari Purosangue од сите агли

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе