Филипче: На интерните клиники во Скопје слободни 100 до 120 кревети за КОВИД-пациенти

Секојдневно сме во комуникација со директорите на болниците, прилив на пациенти има, има и такви што се испишуваат, но сè уште е поголем бројот на приеми, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Општата болница во Гостивар.

На скопските клиники, напомена, се обезбедени болнички кревети, кадарот се ротира и целосно е мобилизиран. На интерните клиники има околу 100 – 120 слободни кревети со кадар кои секој момент може да згрижат КОВИД пациенти.

Според Филипче, ковид-центрите не се веќе само објекти, туку се целосно опремени за лекување пациенти.

Министерот му се заблагодари на медицинскиот персонал во Општата болница Гостивар и информира дека сите здравствени работници кои директно работат со КОВИД ќе бидат парично наградени. Средствата за оваа намена, рече, се обезбедени со ребалансот на Буџетот.

-Херојска е вашата борба да се подготви системот за нешто што никој никогаш не предвидел дека ќе се случи, ниту очекувал. Тоа со своите колеги од другите здравствени установи го направивте во најкус можен период. Сакам искрено да ви честитам и да ви се заблагодарам, да укажам дека водиме сметка за секој еден што е вклучен во оваа битка, дека со последниот ребаланс е предвидена награда за сите здравствени работници кои работат со КОВИД. Да издржме, сега е најголемата криза, но верувам во вашите способности, во вашата струка и вашите организациски капацитети, истакна Филипче.

Тој најави дека гостиварската болница во 2021 година ќе добие магнетна резонанса – нешто што беше најавувано за оваа година, но поради корона ситуацијата е одложено.

На медицинскиот персонал во Болницата благодарност им искажа и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

-Вечра го славевме херојоството на фудбалерите, но всушност нашите секојдневни херои сте вие зашто се борите со КОВИД. Им честитам им се заблагодарувам на сите здравствени работници за целиот нивен придонес и ангажман, рече Груби.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more
 

Вести

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе