Филипче: Сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат сертифицирани и безбедни

Скопје, 14 јануари 2021 (МИА) – Сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни, а согласно планот за дистрибуција ќе биде направен и планот за апликација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Целиот овој изминат период интензивно комуницираме со компанијата Pfizer поради тоа што во овој момент таа е единствената компанија што ги има добиено потребните дозволи за итна употреба на нејзината вакцина од двете најзначајни регулаторни тела, а тоа се Американската агенција за лекови (FDA) и од Европската агенција за лекови (EMA), додаде Филипче.

Тој нагласи дека веќе се резервирани дозите за земјава и се очекува првите количества да пристигнат идниот месец.

– Истовремено во изминатите неколку денови добивме информација од КОВАКС системот дека и тие вакцини ќе стигнат во февруари. Можно е некои од земјите со кои разговараме, а тоа се Австрија, Бугарија, Полска и Грција најконкретно да одделат некоја количина од своите, но јасно ни укажуваат на тоа дека главен проблем и зошто тоа досега не беше направено, како еден најавен механизам од страна на Европската комисија на солидарност не само со нашата земја, туку и со другите држави што не се членки на ЕУ, е во количината што ја добиле. Значи, значајно помала, некаде десетина од планираната за нивните земји, посочи Филипче, одговарајќи за новинарски прашања по промопредавањето на донацијата од СЗО на Институтот за судска медицина.

Тој додаде дека согласно планот на компанијата Pfizer и со зголемувањето на нивното, но и производството на другите компании што се дел од КОВАКС системот, верува дека по февруари дистрибуцијата на вакцини ќе биде еден процес што насекаде ќе започне со една значајна динамика.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе