Филипче: Вакцините против COVID-19 се безбедни

Скопје, 13 декември 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче во видеообраќање им порача на граѓaните дека вакцините против коронавирусот се безбедни, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата.

 

Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите. Вакцините против кооронавирусот се целосно безбедни, а вакцинацијата е единствен начин да ставиме крај на пандемијата и да го вратиме животот во нормала.

Posted by Венко Филипче on Sunday, December 13, 2020

Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број вакцини за да се вакцинира 60 до 70 проценти од населението, колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.

-Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите, истакна Филипче.

Тој вели дека се шират голем број дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна.

Министерот ги посети операторите каде што ќе се чуваат вакцините против COVID-19

Министерот за здравство Венко Филипче денеска посети дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината против COVID-19.

Како што соопшти Министерството за здравство, станува збор за дистрибутери кои веќе работат на оваа поле и вклучени се во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини.

Министерот со дел од стручните тимови на дистрибутерите направи обиколка на ладните соби и фрижидерите во кои веќе се чуваат вакцини од имунолошкиот календар на Министерството за здравство и со нив разговараше како и на кој начин ќе се чува и дистрибуира вакцината за Ковид 19, кога ќе пристигне во нашата земја.

– Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до минус 20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините, се наведува во соопштението.

Дополнително, Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до минус 70 степени Целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари.

Филипче се заблагодари на економските оператори за согласноста да бидат дел од овој систем, а за понудените услуги Министерството за здравство со нив ќе потпише договори.

Вакцинацијата ќе се врши во веќе постоечките вакцинални пунктовите односно во здравствените установи низ државата. Сите вакцини против COVID-19 се безбедни и ќе бидат бесплатни за граѓаните, додава Министерството.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе