Филипче: Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки

Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки, бидејќи по иницијалното зголемување на бројот на заразени од COVID-19 состојбата се стабилизира.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека бројот на новодијагностицирани по иницијалното зголемување особено нагло во изминатата недела, се стабилизираше на близу 10 проценти од вкупниот број направени тестови.

– Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки. Искрено се надевам дека никој од нас, ниту ние, ниту нашата земја, ниту целиот регион заради тоа што очигледно дека насекаде има иста или слична епидемиолошка ситуација, нема да се соочиме со таква ситуација да треба да препорачаме рестрикција, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

Според него, првиот чекор би бил некоја форма на поблаги рестриктивни мерки, го најавиле ограничувањето на јавните собири, односно целосната забрана во некои општини, региони каде што ќе сметаат дека бројките и начинот на пренос укажува дека има начин на трансмисија на вирус што треба да се запре со таков начин на рестрикција.

Потенцира дека маските на отворено засега не се задолжителни, меѓутоа доаѓа есенски, зимски период во кој луѓето треба да се штитат и од настинки и од сезонски грип.

– Исто така во повеќе меѓународни списанија се укажува дека е можно и ПМ честичките во ситуација кога има загадување да бидат преносители на вирусот. Значи тоа се аргументите кои ние ги евалуираме и врз основа на кои носиме препорака каква мерка ќе се донесе. Имаме честа комуникација со претседателот Пендаровски, се интересира и му давам информација за тоа каква е состојбата со епидемијата. Засега нема знаци дека треба да се препорача и некаква друга дополнителна поблага рестрикција, а далеку секако и од таков целосен карантин, рече Филипче.

Во врска со анализата за зголемената смртност и какви се последните тенденции со COVID-19, тој појасни дека во однос на интерните анализи што ги прават одделенијата, болниците и клиниките речиси при крај е анализата на Инфективната клиника и таа во текот на следната недела ќе заврши.

– Верувам дека за една недела сите центри ќе треба да ја завршат работата и после тие резултати ќе ги презентираме во јавноста. Ќе ги искористиме резултатите да се направи анализа за пристапот, ефектите, терапијата, времето на доаѓање во болница, за да знаеме како ќе продолжиме и во следниот период, односно дали може нешто од тоа дополнително да научиме, додаде Филипче.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе