Флојд Мејведер го победи јутјуберот и покажа како изгледа по мечот

Славниот американски боксер Флојд Мејведер, кој наскоро ќе полни 46 години, го победи јутјуберот Деџи Олатуњи со технички нокаут во шестата рунда.

Борбата се одржа во Дубаи, а станува збор за егзибициски меч, петти во кариерата на Мејведер откако професионалниот дел го заврши со резултат од 50 победи и ниту еден пораз.

Мејведер борбата навистина ја сфати како егзибиција и поголем дел од неа ја помина забавувајќи ја публиката, танцувајќи низ рингот и предизвикувајќи го јутјуберот кој има над 10 милиони следбеници на YouTube.

Во еден момент реши да отиде чекор понапред во забавувањето, па во паузата меѓу првата и втората рунда презеде улога на ринг девојка која носи број на рундата, па гордо се прошета по рингот.

URL

Сепак, во шестата рунда му здосади да изведува глупости, па одлучи да ја прекине борбата. Запиша победа со технички нокаут и сè уште е непоразен во егзибициски борби.

Пред борбата, 25-годишниот Деџи, кој има една победа и три порази во аматерскиот и професионалниот бокс, изјави дека целта му е да упати еден голем удар кон шампионот.

На крајот изгледа и успеа во тоа, со оглед дека Мејведер заврши со модринка под левото око, ја заработи по ударот во четвртата рунда.

Интересно е што од целата борба, јутјуберот помина без модринки.

URL

„Мило ми  е што ме удри, ова и така беше за забава. Добар борач е, само нека продолжи со добрата работа“, порача Мејведер.

Деџи по борбата порача дека очекува нова против друга славна личност, како на пример Џастин Бибер или Лајам Пејн. Им порача дека ги очекува во рингот.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Останати спортови

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе