Флојд Мејведер излегува од пензија за реванш борба со Мани Пакјао

Поранешниот боксерски ас Флојд Мејведер најави дека до крајот на годината ќе излезе од пензија за да биде дел од реванш мечот против вечниот ривал Мани Пакјао.

Откако последен пат во рингот влезе за борбата против Конор Мекгрегор, поранешниот боксер Флојд Мејведер реши да закаже уште една финална борба против Мани Пакјао, од која ќе заработи повеќе од 100 милиони долари.

Двајцата боксери боксуваа во рингот во 2015 година, а од борбата како победник излезе Флојд Мејведер, кој мечот го доби на поени, без нокаут. Премијата за победникот на борбата беше 100 милиони долари, но Флојд Мејведер пријави дека дома си заминал со барем двојно повеќе пари.

Три години подоцна двете боксерски суперѕвезди повторно ќе се сретнат во рингот, каде Мејведер ќе се обиде да остане совршен и да го зголеми рекордот во неговата кариера на 51 победа. Во досегашните 50 борби тој победуваше во секоја од нив, а 27 од нив завршија со нокаут за противникот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I’m coming back to fight Manny Pacquiao this year. Another 9 figure pay day on the way @mayweatherpromotions

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather) on

„Ќе ти го земам шампионскиот појас, ќе ги земам парите и не сакам да слушнам оправданија поради повреди“, му порача Мејведер на Пакјао.

Филипинецот Пакјао има учествувано во повеќе борби и сѐ уште е активен боксер, иако ја извршува и функцијата сенатор на неговата земја. Тој собра 60 победи во кариерата, но има и два порази.

реклама

Маск: Време е Amazon да се разбие

Read more

[КАЈГАНА интервју] Себастијан Ерера - наскоро колумбиски шмек во репрезентацијата на Македонија?

Read more

Задолжителен 14-дневен карантин во Бугарија за наши државјани при влез во таа земја

Read more

Снајдер: Можев да бидам како Меси или Роналдо, но не сакав

Read more

Останати спортови

Среќен роденден, Комити!

Read more

Сите спортисти ќе се тестираат за COVID-19 пред почетокот на сезоната

Read more

Мејведер ќе го плати погребот на човекот поради кој гори Америка

Read more

Хитлер и сериски убиец на трибините предизвикаа скандал

Read more

Спорт

Снајдер: Можев да бидам како Меси или Роналдо, но не сакав

Читај повеќе

Forbes: Роналдо стана првиот фудбалер милијардер

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал и Атлетико со заедничка иницијатива за поддршка на најпогодените од COVID-19

Читај повеќе

Игуаин и Сари склучиле пакт

Читај повеќе

Надал: Не би играл на УС Опен

Читај повеќе

НБА се враќа во досега невиден формат со 22 екипи

Читај повеќе

Среќен роденден, Комити!

Читај повеќе

Шампионот Вардар го смени официјалното име

Читај повеќе

ФФМ се премисли: Прогласен крај на фудбалското првенство

Читај повеќе