Forbes ги прогласи највредните спортски клубови, великанот Јунајтед доживеа огромен пад на листата

Списанието Forbes ја објави листата на највредни спортски клубови на која има едно огромно изненадување.

НФЛ екипата во американски фудбал Далас Каубојс се наоѓа на првото место. Со вредност од 5 милијарди долари, Каубојс се на врвот четири години по ред, а во споредба со пред три години вредноста на клубот поразнала за една милијарда долари.

Бејзбол екипата Њујорк Јенкис вреди 4,6 милијарди долари и со тоа се пласира на второто место, додека трите највредни ги заокружува шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид кој се проценува на 4,24 милијарди долари.

Најдобрите пет ги комплетираат Барселона, која е за 200 милиони долари помалку вредна од ривалот од Мадрид, и Њујорк Никс (НБА) кои вредат 4 милијарди долари.

Интересен пресврт е падот на англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед од втората позиција лани на шесто место годинава, со вкупна вредност на клубот од 3,8 милијарди долари.

Ова се највредните спортски клубови на светот:

1. Далас Каубојс 5 милијарди долари

2. Њујорк Јенкис 4,6 милијарди долари

3. Реал Марид 4,24 милијарди долари

4. Барселона  4,02 милијарди долари

5. Њујорк Никс 4 милијарди долари

6. Манчестер Јунајтед 3,81 милијарди долари

7. Њу Ингланд Пејтриотс 3,8 милијарди долари

8. Лос Анџелес Лејкерс 3,7 милијарди долари

9. Голден Стејт Вориорс 3,5 милијарди долари

10. Њујорк Џајнтс/Лос Анџелес Доџерс 3,3 милијарди долари

Целосната листа може да ја видите ТУКА.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе