Фред го комплетираше трансферот во Манчестер Јунајтед вреден 50 милиони фунти

 
Манчестер Јунајтед денеска го официјализираше трансферот на Бразилецот Фред од Шахтјор Доњецк. Неговиот трансфер чинеше 50 милиони фунти а тој потпиша петгодишен договор, со можност да ја продолжи соработката на дополнителна година доколку клубот биде задоволен од неговите услуги.
 
Бразилскиот репрезентативец се приклучува на Манчестер Јунајтед како второто засилување ова лето, по трансферот на Диого Далот од Порто на почетокот на месецот.
 
25-годишниот Фред имаше одлични неколку сезони во дресот на украинскиот Шахтјор и повеќе од една година беше на мета на големите европски клубови. Манчестер Јунајтед успеа да го осигура неговиот потпис најмногу поради фактот што англискиот гигант беше лична желба на Фред.
 
„Ова е најголемиот клуб во светот и навистина сум воодушевен што ќе бидам дел од овој тим. Не смеев да ја пропуштам шансата да работам со Жозе Мурињо, кој има освоено многу трофеи во неговата кариера“, изјави Фред.
 
Тренерот на тимот, Жозе Мурињо, имаше многу пофални зборови за Фред. Тој рече дека Бразилецот добро ќе соработува со останатите играчи од средниот ред на Манчестер Јунајтед бидејќи ги има сите предиспозиции што му се потребни на еден врвен играч: креативен мозок, цврстина и визија за додавање. Според Мурињо, неговата игра ќе му донесе нова димензија на тимот на Манчестер Јунајтед.
 
„Ова е многу возбудлив момент за мене и сега кога завршивме со трансферот, ќе можам целосно да се посветам на играта на репрезентацијата на Светското првенство“, додаде Фред.
 
Фред во моментот се наоѓа во Русија, заедно со неговите соиграчи од репрезентацијата на Бразил. Тој не одигра ниту минута во првиот натпревар против Швајцарија, но се надева дека во наредните два натпревари ќе добие шанса да докаже дека поседува квалитет за да игра на највисоко ниво.
реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе