Универзитетскиот тим во Канзас ја објави веста за смртта на поранешната 25-годишна голманка Реган Гибс.
„Скршени сме од болката за загубата на Реган Гибс. Изразуваме искрено сочувство до семејството, пријателите и колегите на Реган“, пишува во Twitter објавата.
Полицијата го пронајде телото на Реган во нејзиниот стан. Смртта ја пријавил сопругот Чед Џозеф Марек, кој се јавил во полиција и ја признал вината.
„Ни кажа дека Господ му рекол да ја убие“, соопшти Рик Локхарт, шеф на државната полиција.
Марек е уапсен и обвинет за убиство од прв степен. Судот му одреди кауција од милион долари.
Се истражува дали 26-годишниот Марек е пресметлив.
„Постојат првични знаци дека оваа личност не е психички стабилна. Ние тоа го нарекуваме состојба на психоза, така што тоа ќе го истражиме и овој случај ќе продолжи“, додаде Локхарт.
Не е познато кога Гибс е убиена, но полицијата тврди дека била жртва на семејно насилство.