Г7 повика на отпочнување на преговорите за членство Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Министрите за надворешни работи на членките на Групата седум индустриски најразвиени држави (Г7) ја потврдија нивната заедничка посветеност на безбедноста, економското закрепнување и европската перспектива на Западен Балкан, како клучна инвестиција за мирот и стабилноста и го поддржаа понатамошниот напредок во регионалната соработка, особено преку Заедничкиот регионален пазар, Зелената агенда за Западен Балкан и Берлинскиот процес, јави дописникот на МИА од Белград.

Во заедничката изјава, министрите го поддржаа официјалното отворање на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија и спроведувањето на реформската агенда поврзана со преговорите за пристапување во Унијата со Црна Гора и Србија, се вели во заедничкото соопштение од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Министрите ги повикаа Косово и Србија да се вклучат конструктивно во преговорите за дијалог со посредство на ЕУ и целосно да ги нормализираат своите односи преку сеопфатен и правно обврзувачки договор што придонесува за регионалната стабилност.

Во заедничката изјава министрите за надворешни работи на Г7 остро го отфрлат секој обид за поткопување на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, посочувајќи дека неоправданите шпекулации за промена на границите по етничка линија не се решение за предизвиците во регионот и дека таквите промени би претставувале закана за безбедноста во регионот.

Министрите ги повикаа сите партии во Босна и Херцеговина да се согласат и спроведат изборни и ограничени уставни реформи, да ги спроведат пресудите на Европскиот суд за човекови права и тесно да соработуваат со Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венецијанската комисија за приближување на земјата на демократските аспирации.

Тие, исто така, ја поздравија кандидатурата на Кристиан Шмит за висок претставник во Босна и Херцеговина.

Во делот од заедничката изјава за Западен Балкан се потенцира важноста за унапредување на неопходните внатрешни реформи, особено во однос на владеењето на правото, вклучително и борбата против организираниот криминал, нелегалните финансии и корупцијата, со преземање силна акција против најдрастичните случаи.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе