Гал Гадот конечно проговори за откажувањето на Wonder Woman 3

Продуцентот Питер Сафран и режисерот Џејмс Ган го презедоа раководството на филмскиот универзум на DC во ноември 2022 година, а минатиот декември беше објавено дека Wonder Woman 3, што требаше да го режира Пети Џенкинс, нема да се снима.

Гал Гадот, која во последните неколку години ја гледавме во улогата на Дајана Принс, позната како Wonder Woman, конечно проговори за тоа што значи откажувањето на Wonder Woman 3 за нејзината кариера и во каков правец планира да оди во иднина, пишува Deadline.

„За мене е неверојатнo стартувањето и развивањето на приказни за кои сум заинтересирана“, рече Гадот во интервју за Total Film. „Фактот што повеќе не морам да седам мирна дома и да чекам понуди е нешто што ми дава сила. Уживам во тоа, ме одржува во живот“.

„Нема да работам само на мои проекти, сепак ќе работам и како актерка во туѓи филмови. Но, фактот дека можам да зборувам за приказни за кои имам голема страст, кои сама сум ги смислила или ги смислиле луѓе со кои сакам да работам, е неверојатна работа“, додаде актерката.

Сè уште не е познато дали актерката ќе престане да се појавува како Wonder Woman во други проекти на DC, но пред да биде откажан филмот, таа сподели трогателна порака на Twitter.

„Пред неколку години беше најавено дека ќе ја играм Wonder Woman. Многу сум благодарна за можноста да портретирам таков неверојатен, легендарен лик и најмногу од сè сум ви благодарна вам, на обожавателите. Едвај чекам да го споделам нејзиното следно поглавје со вас“, напиша Гадот.

URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе