Актерката Гал Гадот на Instagram објави дека е бремена. По синоќешното појавување на доделувањето на Златните глобуси почнаа шпекулации дека носи поширока облека за да ја сокрие бременоста, што на крајот испадна дека е точно.
Гадот беше дел од доделувањето на наградите Златен глобус и на црвениот тепих се појави во удобна бела креација на Givenchy.
Актерката среќната вест ја потврди на Instagram, со семејна фотографија. Таа го очекува третото дете со сопругот Јарон Варсан, со кого е во брак од 2008 година. Заедно ги имаат двете ќерки Маја и Алма.
„Одиме повторно“, стои во описот на среќната семејна фотографија.