Гал Гадот по критиките за новата улога: Клеопатра била Македонка

Најавата дека израелската актерка Гал Гадот прифати да ја толкува улогата на најславната египетска владетелка, Клеопатра, наиде на негативни коментари во јавноста. Гал Гадот им одговори на критичарите, кои сметаат дека главната улога треба да ја толкува актерка со арапско потекло.

„Како прво, ако сакате да бидете верни на фактите, тогаш треба да знаете дека Клеопатра била Македонка“, изјави израелската актерка во интервју за BBC Arabic. „Баравме македонска актерка која би се вклопила во улогата на Клеопатра, но не најдовме. Јас сум многу заинтересирана за улогата“, вели таа, пренесе Times of Israel.

Таа додаде дека за неа етничкото потекло никогаш не е важно, истакнувајќи дека луѓето се луѓе.

„Имам пријатели од целиот свет, муслимани, христијани, католици, атеисти, будисти, Евреи. Сакам само да искажам почит кон ликот и делото на Клеопатра, на која многу ѝ се восхитувам“, вели 35-годишната Гал.

Улогата на Клеопатра, која често ја опишуваат како последен активен владетел на египетското кралство пред да биде освоено од Рим, претходно беше отелотворена од легендарната актерка Елизабет Тејлор во истоимениот филм во 1963 година.

Кастингот за новиот филм предизвика негативни реакции бидејќи многумина сметаат дека улогата треба да ја толкува црнкинка или Арапка. Режисерка на филмот е Пети Џенкинс, а Гал Гадот е една од продуцентите.

„Знаете, секој може да го направи овој филм. Но, јас сум многу среќна што можам јас да го направам“, вели Гадот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе