Генералното собрание на ОН со огромно мнозинство ја осуди руската анексија на украинските региони

Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска со големо мнозинство го осуди рускиот „обид за нелегална анексија“ на четири делумно окупирани региони во Украина и ги повика сите земји да не го признаат потегот, зајакнувајќи ја дипломатската меѓународна изолација на Москва, јави DPA.

Одлуката на ГС на ОН не е обврзувачка, но резолуцијата ја прогласи анексијата за неважечка и бара Русија да ги поништи своите потези за припојување на источните украински региони Донецк, Херсон, Луганск и Запорожје.

Три четвртини од 193-те членки на Генералното собрание, или 143 земји, гласаа за резолуцијата, која исто така ги потврдува суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прослави одлуката како историска.

„Светот си кажа - обидот за анексија на Русија е безвреден и никогаш нема да биде признаен од слободните нации“, напиша тој на Twitter.

URL

Американскиот претседател Џо Бајден, пак, кажа дека резултатот од гласањето е порака до Москва дека не може да избрише една суверена држава од картата на светот.

„Влоговите на овој конфликт им се јасни на сите, а светот испрати јасна порака како одговор: Русија не може да избрише суверена држава од мапата. Русија не може да ги менува границите насилно. Русија не може да ја заземе територијата на друга земја како своја“, се наведува во соопштението на Бајден, пренесено од германската агенција.

„Тоа е неверојатно“, им рече на новинарите амбасадорот на Украина во ОН, Серхиј Кислицја по гласањето, стоејќи до американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд, која рече дека резултатот покажал дека Русија не може да го заплаши светот.

Само четири земји ѝ се придружија на Русија во гласањето против резолуцијата – Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија. 35 земји беа воздржани од гласањето, вклучувајќи го и стратешкиот партнер на Русија, Кина, додека останатите не гласаа, јавува DPA.

– Денеска Русија ја напаѓа Украина. Но, утре тоа би можело да биде друга нација чија територија е нарушена. Може да бидете вие. Може да бидете следниот. Што би очекувале од овој Совет?, рече Томас-Гринфилд пред гласањето во Генералното собрание.

Москва минатиот месец прогласи анексија на четири делумно окупирани региони во Украина – Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје – откако во нив организираше референдуми. Украина и нејзините сојузници го осудија гласањето како нелегално и принудно.

Гласањето во Генералното собрание следи по ветото на Русија од минатиот месец за слична резолуција во 15-члениот Совет за безбедност.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небезнја, пред гласањето во Генералното собрание изјави дека резолуцијата е „политизирана и отворено провокативна“, додавајќи дека таа „може да ги уништи сите напори во полза на дипломатско решение на кризата“.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Свет

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Read more

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Read more

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Read more

Шанса за мир: Кои се очекувањата од преговорите во Истанбул?

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе