Германија денеска гласа за легализација на канабисот

По жестоката дебата, денеска се очекува Германија да го легализира канабисот, пишува The Guardian.

 

Германија ќе биде четвртата европска земја што ќе го легализира канабисот за лична употреба. Новиот закон ќе го отстрани канабисот од листата на забранети супстанции, а на возрасните ќе им биде дозволено да поседуваат до 25 грама.

Министерот за здравство Карл Лаутербах рече дека очекува новиот закон да ги истера дилерите од пазарот.

Се претпоставува дека во Германија околу седум милиони луѓе консумираат канабис. Владата соопшти дека многу граѓани користат канабис од медицински причини и дека со новиот закон ќе се подобри квалитетот на канабисот, кој го консумираат сè повеќе млади луѓе.

„Целта на овој закон е да ги заштити децата и младите“, рече Лаутербах. „Во последната деценија сè повеќе деца и млади користат дроги.“

Лекарите кои се против новиот закон предупредуваат дека тој ќе го загрози здравјето на младите бидејќи дрогата ќе биде подостапне со што ќе се зголеми ризикот од зависност.

Тристраната коалиција на Социјалдемократите, Зелените и либералната ФДП, предводена од канцеларот Олаф Шолц, се согласи за реформата во ноември. Доколку го донесат новиот закон денеска, од 1 април, на возрасните ќе им биде дозволено да одгледуваат до три садници канабис, а три месеци потоа ќе можат да регистрираат непрофитни клубови за одгледување и дистрибуција на растението.

Користењето канабис кај помлади од 18 години ќе продолжи да биде забрането, а оние на возраст меѓу 18 и 21 година ќе можат да купат до 30 грама канабис што содржи максимум 10% THC.

Не се согласуваат сите со новиот закон, вклучително и полицијата

Некои германски сојузни покраини не се согласуваат со новиот закон, на пример Баварија, каде што на власт е Христијанско-социјалната унија. И дел од социјалдемократите предупредија за ширење на дрогата во училиштата и градинките. Министерот одговори дека со закон ќе биде забрането пушењето марихуана на 100 метри од образовните институции.

Од полицијата известија дека ќе имаат проблеми со воведувањето на правилата, на што Лаутербах одговори дека и контролата на црниот пазар е тешка.

Тино Зорге, портпарол на конзервативните демохристијани, тврди дека новиот закон е „погрешен сигнал во погрешно време“.

„Ако ви предложиме да пушите трева наместо да започнете стажирање или да најдете работа, ние испраќаме целосно погрешен сигнал до нашето општество и се однесуваме како дилер на државата. Владата си поигрува со здравјето на младите луѓе“, рече Зорге.

Канабисот неодамна беше легализиран во Малта и Луксембург, а долго време е легален во Холандија.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе