Германија ќе даде 750 милиони евра за вакцина против COVID-19

Б.С.Б.
/ 12.05.2020 / 16:42

Германската влада на располагање става 750 милиони евра за да го забрза производството и развојот на вакцина против новиот коронавирус.

Сојузната германска министерка за образование и развој Ања Карличек изјави дека околу 500 милиони евра ќе одат на научни студии и испитувања на вакцини, додека 250 милиони евра ќе бидат наменети за проширување на производствените капацитети во Германија.

Бројни универзитети и компании низ светот, вклучително и Германија, брзаат да развијат вакцина против вирусот кој предизвика пандемија.

Во Германија се заразени 172.870 луѓе, додека починаа 7.673 луѓе. Направени се над 2,7 милиони тестирања.

Ангела Меркел во вчерашно обраќање потенцираше дека граѓаните мора да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање. Таа додаде дека ќе мора да носат заштита над устата и носот и по ублажувањето на рестриктивните мерки.

„Многу ми е важно повторно да укажам на фактот дека влегуваме во нова фаза на пандемијата и дека сега ќе биде неопходно да, покрај релаксирање на мерките, да бидеме сигурни дека луѓето ќе ги почитуваат основните правила, а тоа се: одржување дистанца, носење заштита преку устата и носот за заштита на другите. Тоа е многу важно. Ви благодарам“, изјави во најкраткото обраќање германската канцеларка и замина.

Невообичаеното обраќање Меркел се толкува како реакција на демонстрациите одржани во текот на викендот низ градовите ширум земјата, кога стотина луѓе се собраа да изразат протест поради кршењето на нивните граѓански слободи, при што многумина од нив не ги почитуваа мерките за заштита.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе