КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Германија со моќен состав доаѓа во Скопје

Филип Здравески
/ 05.10.2021 / 09:45

Германскиот селектор Ханси Флик синоќа ги почна подготовките за октомвриските квалификации, а на располагање има тим кој влева страв и трепет. Недостасува единствено Ѓундоан.

Германија на последниот натпревар кај Исланд

Германија е убедлив лидер во квалификациската група Ј за пласман на Мундијалот 2022 во Катар откако освен шокантниот пораз токму од нас во март успеа сите останати натпревари да ги добие. Иако е јасно дека Германците ќе играат на Мундијалот, сепак месецов треба и математички да го заверат пласманот, а за таа цел ги имаат натпреварите против Романија и Македонија.

Селекторот Ханси Флик, кој седна на клупата по ЕУРО 2020 менувајќи го долговечниот Јоахим Лев, стартуваше одлично со три победи без примен гол (Лихтенштајн 2:0, Ерменија 6:0 и Исланд 4:0).

За сегашните два натпревара нема речиси никакви проблеми со составот, освен повредениот Илкај Ѓундоан од Манчестер Сити, додека одлуката да не биде повикан левиот бек Робин Гозенс од Аталанта е лично негов избор. Нови играчи, кои не беа во тимот минатиот месец, односно повратници, се голманот Тер Штеген и левиот бек Гинтер. Токму Тер Штеген бранеше во март кога со головите на Пандев и Елмас Македонија славеше победа.

Од сите 23 играчи единствено стоперот Шлотербек нема настап и се надева на деби.

Голмани:
Мануел Нојер - Баерн
Берн Лено - Арсенал (Англија)
Мак-Андре тер Штеген - Барселона (Шпанија)

Одбрана:
Антонио Ридигер - Челси (Англија)
Давид Раум - Хофенхајм
Тило Керер - ПСЖ (Франција)
Нико Шлотербек - Фрајбург
Никлас Зиле - Баерн
Лукас Клостерман - Лајпциг
Матиас Гинтер - Борусија Мен.

Средина:
Јосуа Кимих - Баерн
Каи Хаверц - Челси (Англија)
Леон Горецка - Баерн
Флориан Вирц - Баер
Џамал Мусиала - Баерн
Флориан Нојхаус - Борусија Мен.
Јонас Хофман - Борусија Мен.
Томас Милер - Баерн
Марко Ројс - Борусија Дор.

Напад:
Тимо Вернер - Челси (Англија)
Серж Гнабри - Баерн
Карим Адејеми - Салцбург (Австрија)
Лирој Сане - Баерн

Натпреварот Македонија - Германија се игра на националниот празник 11-ти Октомври на „Тоше Проески“ арената во Скопје со почеток од 20:45 часот. Билетите се веќе во продажба.

И македонската репрезентација од синоќа ги почна подготовките.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе