КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Големата Германија падна пред Македонија!

Филип Здравески
/ 31.03.2021 / 22:53

Шок во Дујсбург! Најголемото изненадување во мундијалските квалификации во овие први три кола дефинитивно го приреди фудбалската репрезентација на Македонија откако вечера со 2:1 ја совлада големата Германија.

Фото: УЕФА

Нашиот Игор Ангеловски почна стандардно со Столе Димитриевски помеѓу стативите, во одбраната триото Висар Муслиу, Дaрко Велковски и Стефан Ристовски, на латералните позиции лево Езџан Алиоски и десно, изненадувачки, Бобан Николов, во средниот ред триото Елиф Елмас, Аријан Адеми и Енис Барди, а во нападот капитенот Горан Пандев и Александар Трајковски.

Натпреварот почна со очекувана иницијатива на Германците. Уште во 5. минута се закани Серж Гнабри, но шутна над голот. Само четири минути подоцна и најдобра шанса за домашните кога Леон Горецка биеше силно, но само во пречката од македонскиот гол.

Нова одлична шанса за Германија дојде во 27. минута кога Гнабри од десно биеше по земја во спротивниот агол од голот на Димитриевски, но нашиот голман со хокеарска одбрана со нога го сочува својот гол.

Првата шанса за Македонија дојде дури во 40. минута кога Алиоски нафрли од слободен удар, а Адеми со глава се обиде, за малку ја промаши топката која сепак одеше в гол и за малку не го изненади Тер Штеген.

И потоа шок за домашните. Се играше судиското надополнување кога по една контра Енис Барди одлично го пронајде капитенот Пандев кој ја искористи лошо поставената офсајд стапица и лесно ја внесе топката во мрежата на Марк-Андре тер Штеген.

Во вториот дел беше истата игра. Внимателно поставената тактика на Ангеловски ѝ го оставаше поседот на Германија, но без да дозволи некоја крајно сериозна шанса.

Во 62. минута сепак мало невнимание. Алиоски при еден лизгачки старт го закачи Сане, а тој искусно падна терајќи го рускиот судија сепак оправдано да покаже на белата точка. Ѓундоан ја презеде одговорноста, Димитриевски отиде десно, а турскиот Германец биеше по средината израмнувајќи го резултатот.

Во тој момент веројатно сите помислија дека е готово, дека Германија тргна по пресвртот. Така за малку и ќе беше кога нововлезениот Тимо Вернер не промаши нешто кое не смее да му се случи на играч од негов калибар. Ѓундоан буквално на тацна му сервираше гол, но Вернер се сплетка шутирајќи ја топката и наместо зад грбот на Димитриевски, ја испрати во гол-аут.

Пет минути до крајот покажуваше часовникот кога Адеми одлично го пронајде Елмас во домашниот казнен простор, а македонскиот бисер не ја пропушти можноста да постигне гол за ново водство и ново изненадување во Дујсбург.

Германците до крајот не успеаја да израмнат и Македонија извојува голема победа. Да, не е грешка: Германија 1, Македонија 2!

Remote video URL

Во останатите натпревари од нашата група, Ерменија во интересен натпревар со два гола во самиот финиш ја победи Романија со 3:2, додека Исланд славеше на гостувањето кај Лихтенштајн со 4:1.

Табела:

  1. Ерменија 9 (6:2)
  2. Македонија 6 (9:4)
  3. Германија 6 (5:2)
  4. Романија 3 (5:6)
  5. Исланд 3 (4:6)
  6. Лихтенштајн 0 (1:10)
реклама

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе