Гибралтар: Скоро сите вакцинирани, речиси сè е нормално

Со 34.000 жители, Гибралтар не може да биде пример за другите, но тоа е првото место во Европа каде, благодарение на вакцинацијата, епидемијата е во голема мера надмината. Рестораните се отворени до доцна во ноќта и нема позитивни случаи.

Бидејќи маските повеќе не мора да се носат на отворено, Саманта Сакраменто постојано има чувство дека нешто заборавила кога шета по улиците.

„Мислам дека допрва претстои да се опоравиме психолошки“, вели министерката за здравство на оваа мала британска област на јужниот 'рт на Пиринејскиот Полуостров.

Укинати се забраните за излегување, баровите и рестораните се отворени до 2 часот по полноќ, како и пред пандемијата. Шпанските телевизии го обиколуваат Гибралтар и разговараат со луѓе кои чувствуваат олеснување.

„Можеби наскоро ќе можеме да живееме како порано“, вели една келнерка.

Сосема спротивно од остатокот од Европа, каде што мерките се засилуваат поради зголемениот број на инфекции.

Од друга страна, Гибралтар со 34.000 жители го имаше врвот на пандемијата на почетокот на јануари со 172 нови инфекции на ден. Во малата британска прекуокеанска област, смртта на 94 лица се поврзува со вирусот.

Ги вакцинираат и Шпанците

Во последните неколку дена, одделот за COVID-19 во локалната болница „Свети Бернард“ е празен. Нема позитивни.

Тоа, благодарејќи не само на острите мерки воведени претходно, туку и на речиси целосната вакцинација. Освен жителите, вакцинирани се и повеќето десетици илјади луѓе кои живеат во Шпанија, но работат во Гибралтар и патуваат секој ден. Во Андалузија, соседен шпански регион, состојбата со вирусот и вакцинацијата не е воопшто розова.

Вакцинацијата во Гибралтар, со вакцини доставена од Обединетото Кралство, не е голем логистички предизвик – целата земја зафаќа 6,5 квадратни километри.

Набрзина се вакцинирани речиси сите, освен 3 проценти од луѓето кои одбиваат вакцинација. Во оваа област веќе функционира еден вид ковид-пасош, односно документ со кој луѓето потврдуваат дека се вакцинирани.

Сепак, не е баш сè како порано. Администрацијата на Гибралтар игра со претпазливост, па маските сепак треба да се носат во продавниците. Неодамна се одржа боксерски натпревар со 500 гледачи, кои имаа дозвола да присуствуваат само ако се целосно вакцинирани. Дури и пред тоа, тие беа тестирани со брз тест.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе