Годинашниот саем на книги во Скопје без ковид мерки, присутни над 60 издавачки куќи

Скопје, 7 мај 2022 (МИА) – Богата програма на книги погодна за сите читателски вкусови, разни работилници, но и настани за деца нуди годинешниот Саем на книги, кој овој пат си го „врати“ истиот начин на функционирање како и пред пандемијата – без заштитни мерки и протоколи.

Додека екипата на МИА беше во посета на Саемот, забележа дека организаторите и издавачите оптимистички го отворија првиот ден од Саемот, подготвени на читателите да им го понудат најдобриот избор.

На самиот влез, од десната страна наидовме на штандот на издавачкиот центар „Три“, каде можеше да се забележи богата понуда на наслови од домашни и од странски автори. Се запознавме со Александра Тодоровиќ, задолжена за односи со јавноста на „Три“, која ни посочи дека оваа година во понудата имаат над 500 наслови.

-Во понудата имаме над 500 наслови од кои имаме многу новитети, како преводи на странски дела, така и домашни изданија, односно изданија од наши автори. Би сакала да кажам дека секој ден од 11 до 12 часот ќе имаме богати настани за деца, каде што ќе се одржат многу работилници, многу музика и играње, дружење и од новитетите би ги издвоила и овие што ги држам во рака значи тоа е „Љубовна хипотеза“, наслов кој излезе специјално за Саемот и навистина го препорачувам за сите вљубеници во белетристика и оние кои сакаат да читаат малку пољубовни и понежни драми, рече Тодоровиќ.

На годинешниот Саем се промовираат најновата книга на Коста Петров – „Што ќе кажат другите“, но и најновото издание „Емотивен талог“ на Ана Јовковска, книга која неодамна беше промовирана во МКЦ. Исто така, како што додаде Тодоровиќ, ќе биде промовирана и автобиографската книга на Кристијан Становски Бомбакис, насловена „Живот“, а денеска ќе гостуваат Илина Арсова и Игор Џамбазов.

-„Детето на месечевата светлина“ е најнов трилер, кој е навистина многу напнат и неизвесен затоа што мислам дека ќе ве држи до самиот крај сите оние и ќе го прочитаат во еден здив. И најновата книга на Ана Јовковска „Емотивен талог“ што е е четвртиот дел од сагата на Феранте, приказна за изгубеното девојче, а би сакала да ја споменам и белетристиката „Жената не е маж“, која што излезе неодамна од Ита Фрам, рече Тодоровиќ.

Попустите се движат од 20 до 70 отсто, а оваа година „Три“ оди со мотото „За секој читател“, затоа што според Тодоровиќ, овој издавачки центар нуди по нешто ново за сите читателски вкусови.

Како што посочи Тодоровиќ, најмногу се чита популарна психологија, домашната книжевност, но на нејзина радост, како што рече, нашите автори се навистина се многу читани и многу продавани.

По неколку минути го завршивме разговорот со Тодоровиќ и и посакавме успех во работата. Таа ни напомена оти очекува животот по пандемијата конечно да се врати во нормалата, надевајќи се дека Саемот ќе стане место каде ќе ги собира сите вљубеници во пишаниот збор.

Веднаш по разговорот со Трајковиќ, застанавме до издавачката куќа „Култура“. Откако почнавме да ги разгледуваме книгите, пријатно не поздрави уредникот на оваа издавачка куќа, Гордана Војнеска. Таа ни посочи дека „Култура“ оваа година нуди широк спектар на романи – од драми, трилери, книги со историска тематика, публикации за книги, како и книги од светски познати автори.

-„Култура“ има огромна традиција од 75 години постоење и секогаш се обидуваме да ги следиме трендовите на издаваштвото во светот па и кај нас. Издавачката куќа „Култура“ нуди широк спектар на романи, но и книги од познати автори како што е Дев Браун, Стив Пери, Дјана Чимберлен, Кортнер, Кристин Хармел, Хедер Морис. Тоа се многу познати светски автори, едни од најпродаваните според „Њујорк Тајмс“ и во нивната земја, рече Војнеска.

Таа информираше дека оваа година во понудата имаат околу десет нови наслови, кои ќе и ги понудат на читателската публика.

-Во новите наслови се и книги за подигнување на еколошка свест кај децата. Во моментов се излезени „Операција чист воздух“, и зборува за тоа како да ги натераме децата да го одржуваат чистиот воздух и книгата „Богатството на мрачната шума“, односно како да го одржуваме богатството во шумите, да не го уништуваме. Меѓу најновите книги се и „Трка за спас на Романови“, „Жените од замокот Лафает“, „Ноќниот портрет“, „Паѓање“, реиздавање на „Ангели и демони“, бидејќи издавачката куќа „Култура“ го има ексклузивитетот на книгите на Ден Браун. Имаме и уште некаде околу 500, па и повеќе наслови кои што можат читателите да ги видат, додаде Војнеска.

Попустите што ги нуди издавачката куќа „Култура“, се движат од 30 до 70 отсто. Војнеска напомена дека има книги за сечиј вкус, а како што рече, вработените во „Култура“ ќе се обидат на секој посетител да ја одберат најубавата книга.

Исто така, како што напомена, има и книги од македонски автори, кои самите ги претставија. Најавено е гостување на Ксенија Николова и Јован Илиески, а денеска на Ангела Пенова, добитник на наградата „Романијада“, како и авторката на драми, Катерина Серафимовска.

Војнеска се надева на голема посетеност оваа година со оглед на тоа што Саемот е вратен на стариот термин како и порано и посочи дека останува на самите читатели да одлучат дали ќе носат маска или не, но се надева дека нема да се плашат од пандемијата, ќе соберат храброст и ќе го посетат Саемот.

Прашана дали читателите повеќе интерес покажуваат кон странски автори, Војнеска ни посочи дека интересот кон странски автори не е намален, но како што рече, во последно време помладата генерација има свој круг на читатели кои ги информира преку социјални медиуми за најновите дела.

Војнеска смета дека се читаат македонските автори, но како што вели, потребно е и младите луѓе во земјава повеќе да се одважат да пишуваат за да ја зголемиме плеадата на македонските автори.

На саемот покрај посетителите, беа присутни и автори на книги. Авторката на бестселерот „Пинк Пантер“, изрази особено задоволство поради интересот за нејзините книги.

– Ова е трет саем на кој доаѓам и можам да кажам дека веќе не се чувствувам како гостин, туку како некој кој е дел од овој град. Моите книги наидоа на одличен одзив тука, каде и да се појавев, дали стануваше збор за промоција, саем, дали било мало место, големо, едноставно јас сум супер прифатена. Мојата книга многу добро се продава, па дури и во време на криза, кога саемите не се како што некогаш биле, изјави Ќирковиќ.

Посетеноста беше задоволителна уште на првиот ден на Саемот. Она што можевме да забележиме е дека имаше задоволителна бројка на младите читатели кои најприсутни беа на штандовите со англиска литература.

-Најмногу сакам да читам авантуристички и романтични книги. Повеќе сакам странски автори, од македонските ги читам само оние кои ми се во училишната програма. Кај странските книги најмногу ме привлекува начинот на пишување, а со читање на книги на англиски јазик ми се збогатува вокабуларот, се трудам да го научам англискиот јазик, појасни една читателката.

На овогодишениот Саем претставени се повеќе од 60 издавачки куќи од земјава, како и од Турција, Србија, Косово и Албанија.

На Саемот имаше и претставници од Министерството за култура и туризам на Република Турција кои првпат имаа поставено штанд.

-Ние како Министерство за култура и туризам првпат учествуваме на овој саем за книги, ова за нас е едно ново искуство, ние се претставуваме на овој саем со околу 500 книги издадени од Министерството, но и од приватни издавачки куќи, од областа на културата, истакна еден од преставниците од Министерството.

Саемот е под покровителство на Министерството за култура на Северна Македонија, кое традиционално ја поддржува манифестацијата, а љубителите на книгата, Саемот ќе може да го посетуваат до 9 мај.

Авторки: Бисера Трајковска, Симона Србиноска

реклама

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Read more

Короната има нов симптом - заразените не се ни свесни дека е од вирусот

Read more

Поранешен бунтовник стана претседател на Колумбија, најави преговори со нарко-бандите

Read more

Што ќе се вози во Русија: Москва како Хавана?

Read more

Книги

Снежана Стојчевска: Поезијата е огледало и на крајот секој ќе си се види себе во неа

Read more

15-те најимпресивни библиотеки во светот

Read more

Кое е најдоброто време за читање?

Read more

Годинашниот саем на книги во Скопје без ковид мерки, присутни над 60 издавачки куќи

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Ослободете се од подбрадокот со неколку лесни вежби

Читај повеќе

Како да го средите домот за 30 минути?

Читај повеќе

Гинеколог ги советува паровите кои се мачат со неплодност

Читај повеќе

Кое е најдоброто време да им ставите вода на растенијата во лето?

Читај повеќе

Астро анализа: Дали нè очекува црн финансиски август?

Читај повеќе

Зошто лицето ви е отечено наутро?

Читај повеќе

Предупредувачки знаци дека сте во врска со партнер кој може да стане насилен

Читај повеќе

Што открива за вас датумот на кој сте родени?

Читај повеќе

Чистење на црниот дроб: Еликсир од три состојки кој ги елиминира мастите и токсините

Читај повеќе