Ѓоковиќ бесен на Еуроспорт: Ме претставуваат како негативец

На мечот од Аустралиан Опен против Роберто Карбалес Баена, Новак Ѓоковиќ влезе во расправија со судијката, а е бесен на ТВ куќата Еуроспорт поради начинот на кој известуваше за тој детал.

Коментаторите на Еуроспорт тогаш констатираа дека Ѓоковиќ и пркосел на судијката за време на користењето на пауза за тоалет. Како што истакна Ѓоковиќ, ова не е прв пат Еуроспорт од него да прави негативец.

„Втор пат во шест месеци имам проблем со Еуроспорт. Тие ангажираа нова компанија од Лондон која им ги работи дигиталните медиуми, видов дека е тоа некој нов, така и ми кажаа. Не се сеќавам точно што беше пред шест месеци, но тогаш им реков дека нема повеќе да давам интервјуа за Еуроспорт. Потоа ми се извинија и се беше океј, а еве сега после шест месеци, тие пак прават сензација од нешто што е извадено од контекст”, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ вели дека вработените во Еуроспорт му се извиниле приватно, но дека тој бара јавно извинување во програма во живо.

„И дадов интревју на Барбара Шет, таа ми се извини. И Борис Бекер ми пиша, Матс Виландер, сите тие работат за Еуроспорт и јас немам ништо против нив. Го сакам Еуроспорт, го сакам спортот, гледам скијање цел живот на Еуроспорт… Некој во АТП мора да ги заштити тенисерите. Од мене е лесно да се направи негативец, така ме претставуваат, но нема да трпам неправда. Не заслужуваат ова да им помине туку така, ја преминува секоја граница”, истакна српскиот тенисер.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе