АТП ВИМБЛДОН 2023

Ѓоковиќ објасни како да се избегне полицискиот час на Вимблдон, а една работа особено му пречи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (2. АТП) се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако во два дена борба беше подобар од Хуберт Хуркач (18. АТП), а по мечот ги критикуваше организаторите за правилото што го спречи да го заврши мечот истиот ден кога го започна.

Имено, дуелот беше прекинат поради таканаречениот спортски полициски час што се случува во Лондон за спортски настани по 23 часот по локално време, а натпреварите започнуваат во 13 часот и 30 минути по локално време, што предизвикува дополнителни проблеми.

Ѓоковиќ апелираше натпреварите да почнуваат порано и дека тоа може да биде решение.

„Мислам дека Вимблдон мора да го смени тоа правило, знам дека полицискиот час е тежок за поместување, но натпреварите може да започнат барем во 12 часот и тоа би направило разлика“, изјави Новак на прес-конференцијата.

Српскиот тенисер објасни дека во секој момент тенисерите мора да бидат подготвени за промени во сценарио, бидејќи не се знае точниот распоред.

„Мислев дека имам барем час и половина пауза, па ми се јавија по 20 минути. Едноставно, треба да си подготвен за секое сценарио, тоа се работи што може само да ги предвидиш. Пред тоа размислував дали да одам до смештајот, до куќата во близина. Останав во комплексот во неделата и чекав 7 часа да почне, тоа е премногу. Не можеш ништо да предвидиш, штом го видов распоредот за недела знаев дека може да има долги натпревари пред мојот. Внатре има сè и играчите што се таму со тимовите, со опремата, не е лесно да најдете агол за себе. Се разбира, овие се работи на кои треба да се прилагодите и не е прв или последен пат. Знам дека Вимблдон ја почитува традицијата и тоа е нешто што го почитувам, но мислам дека има работи што треба да се сменат“.

Новак накратко се осврна и на површината и кажа што особено го мачи.

„Тревата е најчувствителната подлога во нашиот спорт. Една од промените што ја направија организаторите е што дозволија тренинзи на Централниот терен пред почетокот на турнирот, а тоа не ми се допаѓа пред сè поради подлогата. Реков, има некои проблеми таму и би сакал тоа да се избегне во иднина“.

Ѓоковиќ денеска во четвртфиналето ќе игра против рускиот тенисер Андреј Рубљов (7. АТП), кој синоќа беше подобар од Казахстанецот Александер Бублик (26. АТП).

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе