Голем љубовен хороскоп за втората половина на јули: Кого го чека запросување?

Со Венера и Нептун во конјункција, реагираме непредвидливо во љубовта и пријателството.

Ги преиспитуваме нашите вистински чувства кон другата личност и/или нивните чувства кон нас.

Со конјункцијата на Марс и Плутон, се однесуваме пожестоко отколку што планиравме, со немилосрдна решителност што не изненадува. Имаме огромна желба да се докажеме. Форсираме теми кои подобро се оставаат на раат.

Со Венера и Нептун во конјункција, реагираме непредвидливо во љубовта и пријателството. Ги преиспитуваме нашите вистински чувства кон другата личност и/или нивните чувства кон нас. Се повлекуваме во светот на соништата каде што можеме да ги гледаме лицата на саканите.

Со Меркур и Нептун во тригон, ги слушаме неизговорените зборови или читаме меѓу редови. Добро ни оди во науката и технологијата. Ние сме водени од чувствата. Како компјутерски програмери, ја чувствуваме програмата што ја создаваме, затоа што несвесно сме дел од неа, па можеме да ги насетиме потенцијалните грешки.

Овен

За некој ден започнува вашиот мирен период. Марс ќе „отпатува“ од драматичниот и театрален Лав до вредната и услужна Девица и ќе добиете конкретна (мајсторска) деловна обука. Во љубовта ве придружува рационално пресметано разладување на емоциите.

Бик

Почнувајќи од оваа недела, ќе бидете фино избалансирани и ќе внимавате повеќе на сопственото здравје. Ако не сте вежбале во последно време, ќе се вратите на редовното вежбање. Ќе запознаете нова љубов во познат ресторан на егзотичен остров.

Близнаци

Квадратот на Марс на вашето натално Сонце има иритирачки ефект врз вашиот биполарен биоритам. Оваа половина од месецот е наменета за уживање. Партнерот ќе направи сè за да ве направи среќни. Додека одмарате, лежите, се сончате, други ве служат... Подобро не може, нели?

Рак

Раковите сакаат да останат во близина на водни тела и лесно се препознаваат бидејќи нивната кожа станува (неприродно) црвена. Додајте го на тоа вашето тркалезно лунарно лице и не може да не ве забележат. Сакате да пробате некои нови работи како водење љубов во вода? Уживајте во вашиот елемент!

Лав

Марс го напушта Лавот и конечно – го добива „бакнежот на смртта“ од Плутон! Земајќи го во предвид вашето Лавовско племе како целина, родените во средината на август ќе бидат најмногу склони кон безмилосно и одмазднички однесување. Нема да погрешите ако им простите на сите (и на самите себе)! Во љубовта ќе добиете колку што ќе дадете.

Девица

Влегувањето на Марс во Девица ќе ви ја зголеми самодовербата, но само за кратко, бидејќи незгодниот опозициски поставен Сатурн во Риби нема да ве пушти лесно. Сметајте на фрустрации од сексуална природа. Ако мислите дека сте станале импотентни, може да имате непријатен напад на паника!

Вага

Падот на силата и енергијата ќе направи да се чувствувате лошо. Сè има свои добри и лоши страни, и треба да го извлечете најдоброто од оваа ситуација. Откако малку ќе се смирите, работите ќе почнат да одат во сосема друга насока. Ако одмарате покрај море, уживајте во вкусна храна, тоа ќе ви даде енергија да тргнете уште посилно и посилно да се борите. Слободните Ваги токму тогаш би можеле да запознаат некој кој ќе им ја врати вербата во љубовта.

Скорпија

Се чувствувате подобро отколку што се чувствувавте во изминатите денови и недели, а тоа е најважно за нов и поздрав почеток на постоењето на Скорпијата. Марс и Сатурн се хармонично насочени кон вас и со добра волја и правилна акција ќе ги избегнете сите неволји. Ова е бурен период на љубовно поле. Бидете рационални, обидете се да го разберете партнерот и на крајот сè ќе биде во ред.

Стрелец

Сметајте на заладување на односите со остатокот од светот. Ако ја спуштите главата од розовите облаци на земја, тоа ќе биде позитивна промена која ќе ви даде внатрешен мир. Силните страсти и лудиот занес ќе ги турнете длабоко во себе и тогаш ќе започне вашиот просперитет. Партнерот ќе ги види вашите искрени емоции, а тоа може да доведе до запросување.

Јарец

Се враќате во нормала, а вашите деловни амбиции растат. Среде жешкото лето се работи и дење, и ноќе. Спорт, забава, љубов - нула поени? Не претерувајте со крајности, бидејќи екстремите не се здрави. Ако најдете време за сè, ќе си докажете дека сте на патот на мудроста. Слободните Јарци треба внимателно да погледнат околу себе. Меѓу луѓето кои ве опкружуваат е таа личност која е вашата друга половина на овој свет.

Водолија

Неконтролираната страст која насилно ве зафати конечно ќе стивне. Не целосно, но сепак ќе станете посмирени и поизбалансирани. Ако тој/таа сепак нема да ве остави на мира, тоа е сериозна и трајна симпатија на вашиот карактер на Водолија! Пред вас е уживање во љубов, водење љубов, размена на нежности, а можна е бременост и за припадничките на овој знак.

Риби

Сатурн и Нептун истакнуваат различни проблеми во вашиот живот, а сега и Марс пристигнува во опозиција, а она што го потиснувате и криете од себе и од другите ќе излезе на површина во вашата реалност на Риби. Кога ќе ги поставите работите во ред во вашиот мозок, ќе почнете повеќе да се сакате себеси и другите.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе