БУНДЕСЛИГА 2021/22

Големиот талент нема среќа: Се повреди во 1. минута и не можеше да ги задржи солзите

Еден од најголемите фудбалски таленти во светот, Џовани Рејна, нема среќа со повредите, а така беше и синоќа на гостувањето кај Штутгарт.

Американскиот фудбалер кој има само 19 години веќе неколку сезони игра на високо ниво, но само кога тоа му го дозволуваат повредите. Во последно време нема среќа, а сега повторно ќе отсуствува од терените.

На натпреварот меѓу Штутгарт и Борусија одигра само една минута. Беше заменет во 2. минута поради повреда на мускулот, тип на повреди кои оваа сезона зачестија во тимот од Дортмунд.

Кога при еден трк Рејна застана и се фати за мускулот на ногата, веднаш беше јасно дека нема да може да продолжи. Се чини како да не се загреал доволно за да настапи и дека повредата настанала при првиот силен спринт.

Лекарскиот тим го прегледа и констатираше дека е потребна замена, а тоа воопшто не му падна лесно на Рејна.

Соиграчите и тренерите го бодреа додека неутешно плачеше. Младиот фудбалер не сакаше да се помири со фактот дека е пред нова пауза.

Заработи голем аплауз од трибините, но ниту тоа не му помогна да ги задржи емоциите за себе.

Remote video URL

Инаку Џовани е син на поранешната американска сокер легенда Клаудио Рејна кој настапи на 112 натпревари за САД, долги години беше капитен и ги предводеше „Јенките“ на дури 4 Мундијали (1994, 1998, 2002 и 2006), исто толку Голд купа (1996, 1998, 2000 и 2003), на Олимпијатата 1992 во Барселона, како и на Копа Америка 1995. Џовани се роди во Англија додека Клаудио настапуваше за Сандерленд, а кариерата ја почна во Њујорк Сити. Во Дортмунд е веќе четврта година.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе