Голман од 72 милиони евра: Алисон ги воодушевува навивачите на Ливерпул

Екипата на Ливерпул фантастично ја отвори новата сезона во Премеир лигата, а после три одиграни кола „Црвените“ имаат максимални девет поени. Еден од играчите кој ги воодушеви навивачите на клубот од „Енфилд“ е голманот Алисон Бекер, кој се уште нема примено гол во првенството.

Ливерпул во третото коло на домашен терен со минимални 1:0 беше подобар противник од Брајтон, а самиот натпревар го покажа неверојатниот напредок на тимот, зад кој стои германскиот експерт Јирген Клоп.

Имено, после погодокот на Салах во првото полувреме и водството од 1:0, Ливерпул играше непрепознатливо лошо, па играчите оставаа многу простор за противникот да може да го загрози нивниот гол.

Во претходните сезони, Ливерпул во натпреварите со послабите противници често на наивен начин губеше поени и остануваше без победи, нешто што од оваа сезона, како што стојат работите, повеќе нема да биде случај.

Клоп на голот го донесе фантастичниот Бразилец, Алисон, кој уште еднаш покажа зошто многумина уште сега го сметаат за најдобар голман на светот.

Во финишот од мечот со Брајтон, Грос имаше голема прилика да им донесе изедначување на гостите, но поранешниот голман на Рома фантастично реагираше и го одбрани неговиот удар.

Покрај тоа, Алисон покажа и изразен квалитет во играта со топка, во однос на тоа дека во повеќе ситуации покажа огромно фудбалско знаење, а дури со еден дриблинг го крена цел „Енфилд“ на нозе.

Покрај Алисон, најзаслужен за ваквите игри на Ливерпул секако е и Вирџил Ван Дајк, кој игра во животна форма, а кој „Црвените“ го донесоа во јануари од редовите на Саутемптон.

Овој фантастичен натпревар на Алисон, всушност само е продолжување на претходните две одлични партии на Бразилецот, во кој конечно навивачите на Ливерпул гледаат идеален голман каков што и треба да има тим од калибарот на „Црвените“.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе