Google од јануари дефинитивно ја гаси основната HTML верзија на Gmail

Компанијата Google објави дека ќе престане да ја одржува основната HTML верзија на својата услуга за е-пошта почнувајќи од јануари 2024 година.

Одлуката е објавена на веб-страницата на компанијата за корисничка поддршка.

„Основната HTML верзија на Gmail е претходната верзија која беше заменета со помодерни наследници пред повеќе од 10 години и денес не дозволува користење на сите опции и функции на Gmail“, велат од Google за порталот The Register.

Одлуката на американскиот интернет гигант ја осудија слепите и слабовидни корисници, кои претпочитаат да ја користат HTML верзијата на Gmail поради нејзината едноставност. Тие се пожалија и дека основната верзија на популарниот сервис за е-пошта е потешко да се најде во последно време отколку порано.

Google претходно затвори некои од своите услуги (Google Reader, Wave, Google Code...). Сепак, некои од нив беа вратени откако корисниците протестираа за нивното отстранување.

Така, на пример, G Suite беше ставен на чекање откако корисниците го предупредија Google дека им беше ветено дека услугата ќе биде засекогаш достапна.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе