Гордон Ремзи: Пандемијата ги исчисти улиците од лошите ресторани

Познатиот британски готвач во неодамнешното интервју за Radio Times се осврна на пандемијата и како последиците што таа ги донесе со себе влијаеја на угостителската индустрија во последниве две години.

Меѓу другото, Ремзи рече дека пандемијата била погубна за сите оние кои се вклучени во индустријата, но и добра можност да се истребат сите лоши ресторани кои некогаш ги исполнуваа улиците.

„Во последните две години беше поразително, но се подобрува. Мислам дека на сите им е јасно дека 'дупките' ги нема“, рече Ремзи, истакнувајќи дека мислел на лоши ресторани кои биле на завидни и достапни позиции.

Телевизиската кулинарска ѕвезда не прецизираше на кого мисли, а истакна дека верува оти сега значително ќе се подобри квалитетот на храната во рестораните.

„Клиентите станаа многу попаметни во последните две години. Тие знаат многу повеќе за храната отколку што беше случај порано, така што оние во угостителската индустрија сега се принудени да подигнат сè на повисоко ниво“, изјави тој за радиото.

Ремзи, исто така, го коментираше фактот дека тој и неговото семејство патувале во нивниот дом во Корнвол за време на локдаунот, што предизвика контроверзии кај многумина.

„Стигнавме таму во вистинско време и беше неверојатно. Тие времиња никогаш повеќе нема да се повторат“, рече готвачот, истакнувајќи дека поминал драгоцено време со своето семејство.

Гордон, потсетуваме, често е критикуван од своите следбеници за високите цени во неговите ресторани, а мета на критики беше и пред божикните празници кога најави дека вечера ќе чини 370 долари по човек, без вклучени пијааоци.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе