Ѓоргиев: Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат

Средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Затоа настојуваме да избегнеме да се гледаат настаните пред 150 и пред 1.000 години во денешната етничка призма, а сакаме да ги истакнеме универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народа и не само двата народа, порача вечерва Драги Ѓоргиев, копретседателот од македонска страна на заедничката Мешовита историска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.

– Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат. Лојалностите во средниот век се кон царот и кон црквата и нема лојалност кон нацијата и народот. За овој период важно е да се почитуваат универзалните вредности и да се инсистира во чествувањето на лицата од тоа време да се вклучат не само Македонија и Бугарија, туку и други народи. Затоа препораките кои се усвоени за заедничко чествување и за учебниците во Македонија и Бугарија воопшто не ги допираат идентитетските прашања, рече Ѓоргиев во интервју за Сител и додаде дека е нелогично да се поврзува денешен идентитет со идентитетот во антиката на народите кои живееле тука.

Во текстовите за заедничко чествување, додаде, нема никакво спомнување на етнички групи и на идентитети на лица или на заедници со што го постигнавме она за што се залагавме – идентитетските прашања да не бидат тема на разговор на Комисијата.

– Двете држави се обврзуваат за многу работи во протоколот, па и во однос на промените во учебниците. Мора да има реципрочност во обврските. Она што го има преземено како обврска Македонија е 99% поклопено со она што мора да го направи Бугарија во однос на учебници и во однос на заеднички чествувања, посочи Ѓоргиев.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе