Грција го исполни ветувањето: Бесплатен одмор за сите туристи што лани го преживеаја пoжарот на Родос

Грција почна да дели ваучери за бесплатен седумдневен одмор на туристите принудени да ги напуштат хотелите на грчкиот остров Родос во летото 2023 година поради шумски пожар.

Речиси 25.000 туристи, главно од Обединетото Кралство, чекаат да добијат ваучери за седумдневен престој во хотелите на Родос, објави The Guardian.

Грција усвои нов закон за ова, а министерот за туризам, Мирон Флурис, рече дека Грција е првата земја во светот што одлучила на овој начин да им дава компензација на туристите.

Во рамките на оваа програма лицата евакуирани од хотелите поради пожарот во јули ќе може да користат е-ваучери во вредност од 300 до 500 евра за покривање на трошоците за сместување за време на еднонеделен престој.

Иницијативата ќе се спроведува во две фази: од сега до 31 мај и од 1 октомври до 15 ноември. Туристичките власти на Родос соопштија дека досега се регистрирани повеќе од 5.000 туристи во регистарот на корисници на програмата.

реклама

Регион

По трагедијата во Македонија, Бања Лука нареди вонреден увид во ноќните клубови

Read more

Распишана централна потерница за Додик, Вишковиќ и Стевандиќ

Read more

Тешка е состојбата на 14-те пациенти примени во бугарските болници по инцидентот во Кочани

Read more

Се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград каде се примени повредени од пожарот

Read more
 

Вести

Таравари: Ве молам не објавувајте фотографии од повредените, тоа може да влијае на нивниот процес на закрепнување

Читај повеќе

Променливо облачно и студено со засилен северен ветер, ќе има услови за врнежи од дожд и снег

Читај повеќе

„Убиството на младината е убиство на иднината“ – граѓаните од Кочани на протест побараа правда за жртвите

Читај повеќе

Германија „ја смени песната“ за планот на Макрон за нуклеарно оружје

Читај повеќе

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотеката „Пулс”

Читај повеќе

Доларот на најниско ниво во последните пет месеци

Читај повеќе

Орбан до Будимпешта Прајд: Ич не се ни мачете да организирате годинава

Читај повеќе

Прекинат заедничкиот час на УКИМ, на неколку студенти им се слоши

Читај повеќе

По трагедијата во Македонија, Бања Лука нареди вонреден увид во ноќните клубови

Читај повеќе