Ф1

Групацијата myWorld и Ф1 тимот Торо Росо го најавија своето стратешко партнерство

14. февруари 2019 - 12:14 |

Меѓународната групација myWorld и Ф1 тимот Торо Росо потпишаа повеќегодишен договор за официјално стратешко партнерство.

Од годинава, пилотите на Ф1 тимот Торо Росо ќе го носат логото на официјалниот партнер myWorld на своите тркачки костими и тимската облека, како и на возилото STR14 и заеднички ќе управуваат кон поставување на нови репери, иновации на сосема друго ниво и обликување на иднината, како движечка сила на обата бренда.

По повод најавата на ова партнерство, Директорот на Скудерија Торо Росо, Франц Тост, изјави:

„Иновациите се во сржта на Формула 1 и сум воодушевен што Торо Росо ќе работи со myWorld, организација која е насочена кон иднината, која обединува различни брендови под еден чадор и  која обезбедува иновативни програми за лојалност за организации и компании. Со ова партнерство ќе ги поддржиме во нивната мисија за промоција на придобивките кои клиентите ги добиваат со членство во нивната меѓународна шопинг заедница."

Рафаш Пиета, извршен директор myWorld International истакна:

„Тргнувајќи од меѓународниот фокус на светската заедница myWorld, оваа соработка е многу важен чекор. Партнерството со Скудерија Торо Росо е оптимална платформа преку која идентификуваме дополнителен начин за претставување на нашата групација на компании пред меѓународната публика".

„Навистина сме многу среќни што соработуваме со Скудерија Торо Росо. Соработка со успешниот Формула 1 тим покажува дека нашата групација на компании пресретнува уште едно значајно достигнување во согласност со нашата стратегија за вклучување во масовни спортски настани", изјави  Бетина Ригер, извршен директор myWorld Media Group

Извршниот директор на SportsWorld, Маркус Стампфер, го изрази своето задоволство од долгорочното партнерство, истакнувајќи:

„Многу сум возбуден поради соработката со Скудерија Торо Росо. sportsWorld целосно го поддржува партнерството со myWorld и сме сигурни дека ќе придонесе кон приближување на поголем број на партнери и клиенти во контакт со тркачките патеки. Оваа соработка е одлична меѓународна референца за нас, за што сме особено горди ".

*Промотивен текст

Коментирај